Тојота повлекува 1,7 милиони возила

Тојота повлекува речиси 1,7 милиони автомобили, поголемиот дел од пазарот во Јапонија, поради разни неправилности кои може да доведат до истекување на масло, соопштил денеска најголемиот светски произведувач на автомобили, јавува АП.
Тојота на поправка повлекува низа модели, вклучувајќи ги и луксузните “лексус“ ИС и ГС во Северна Америка и седанот “авенсис“ во Европа.
Нема несреќи поврзани со дефектите, вели компанијата, но информираат дека имале 140 жалби во Јапонија и 77 во странство.
Најголем дел од дефектните возила се во Јапонија – речиси 1,3 милиони и нивното повлекување ќе биде второ поголемина во историјата на земјата. Рекордот го држи она од 2005-та година кога Тојота повлече 1,3 милиони автомобли од моделот “корола“ поради грешка со прекинувачот за светла.
Денешното повлекување е најнов бран на масовно повлекување кои почнаа кон крајот на 2009-та година и при што беа опфатени 12 милиони возила на Тојота.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81935&kategorija=6