Мене искрено ми се свиѓаше многу испитувањето и анкетата на германскиот ауто билд, од пред некој 4-5 години...
Значи имаа земено околу 25 модели на коли и сите ги возат низ Германија... и на крај од годината им прават споредби, според потрошувачката, цената на колата, кваровите и слично...
На прво место излезе мазда 6, моделот на гојдо со тој мотор 1.8 и на таа кола за 60 000 км, само еднаш и беа сменети предни плочки и амортизерот на гепекот чкрипеше и го подмачкале... потоа на второ место беше хјундаи, па хонда, па тојота па ауди, бмв, мерцедес, и на крај меганот...
На меганот за 1 година, му цркнал алтернатор, цела предница ја смениле, проблем имал со електрониката... 300 проблеми...
Е сеа јас викам веродостојно е ова, дека во германија да ти победи јапонски прозиведител...