ADAC ја објави својата годишна статистика за дефектите на автомобилите. Студијата од 2010 година, која опфаќала 4.25 милиони интервенции на членови на германски автомобилски клуб ја потврдила повторно доверливоста на Peugeot. ...
Види фотографии Напиши коментар
Од моментално комерцијалните модели на германскиот пазар, најзастапените во Германија во 2010 година се покажале и како најдоверливи. Моделите 107, 207 и 308 биле меѓу најдобрите три автомобили во своите категории, додека 3008 и 5008 заради подоцнежното лансирање се уште недоволно застапени на пазарот за да бидат вклучени во истражувањето.
Peugeot 207 го заземал второто место на скалата на доверливост (од 23 модели) во својата категорија, а 1 место од негерманските автомобили. Четврта година по ред, 207 од ADAC добил највисока оценка „++“.
Моделот 308 во својата категорија го зазема 3-то место од 29 модели и 1 место од негермански автомобили и е единствен автомобил со негерманско потекло меѓу пет најдобри. Втора година по ред ADAC му доделува највисока оценка.
Peugeot моделот 107 го зазема 3-то место според доверливоста од 13 модели во својата категорија.
Статистиката на ADAC опфаќа технички дефекти кои вклучуваат имобилизација на возилото. ADAC е во можност да направи единствена анализа во Европа, бидејќи имам 17 милиони членови.
http://www.koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1628