Никој не оспорува дека Цивик е поскап од Фокус

Мада ако не даваат попусти МиДа, цените по каталог и нема толку да се разликуваат, со сличен мотор и слично ниво на опременост, али не е ни битно тоа.
Не разбирам само што ти беше поентата со набавната цена на Цивик. И набавна и продажна ако е поскапа, нема ништо чудно.
А и не е тоа муабетот на темава. Како се оправдува поголемото задоволство на сопственици на Акорд да кажеме, во однос на тие на Инсигнија, Пасат, Ц5 и остали. (можеби за овој модел и не се, али чисто како пример). Цените на возилата се горе доле исти, плус минус 2-3 илјади евра да кажеме, така да и очекувањата им се слични. Или пак останува она дека кога некој на запад ќе купи јапанец не очекува ништо посебно, па позитивно е изненаден колку му е ок колата и затоа се позадоволни??
