Се надевам на Микси нема да му смета реална дискусија пошто решил веќе да ја мења Делтата
Се разбира, нити правам нити продавам ланчија па да реагирам на негативни коментари.
Лежењето во кривини е сосема ок, системите за стабилизација ретко се активират, освен онаа електронско симулирање на блокада на диференцијал кое што при агресивна вожња по кривини често се активира. Во лер работата на моторот се осеќа повеќе од гранде пунто 1.2 рецимо. Буката внатре до 150км/ч е мала (релативно во споредба со класата) а понатака се зголемува, да после 205-210 км (по стрелка) има шушкање од кровот (понекогаш).
Споредбено со маздата дизел што ја возам, градска вожња е далеку потивка ланчијата а на автопат по се ми стои дека маздата е потивка.
Инаку не сум решил што ќе правам, сеуште се воздржувам... Загреан сум за Мазда 6 нова