Автор Тема: Проблем со сензори  (Прочитано 4344 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Проблем со сензори
« на: 21 Ноември 2012, 18:04:13 pm »
Се работи за пунтото 1.1 55 коња 1998

наеднаш почна да гуши и угасна
а сега пали ама работи 2-3 секунди и одма гаси

значи кабли свеќици сеуште не сум извадил,ама мислам и дека нема потреба
колку што успеав да видам има 3 сензори,2 се на моно-поинтот(бвризгувањето) и 1 доле на блок
но како да знам дали сензорот е "отиден"?

вбризгувањето го проверив со дихтунзи се е ок,го исчистив,исто и клапната но проблемот останува
го ресетирав ецу-то но ништо
пумпата за гориво "зуе" кога ќе дадам контакт па претпоставувам дека таа работи

би го однел на сервис,ама треба да се шлепам до радишани па затоа малце тоа не ми одговара па дајте некој совет сам да го средам

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #1 на: 21 Ноември 2012, 18:30:00 pm »
На сензор на радилица личи ова...
Шлепај, не се мисли, сам освен со Влатко да пробате таа домачата дијагностика, не можеш да го решиш.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #2 на: 21 Ноември 2012, 18:41:47 pm »
доста е за денес,да оладам мозок па утре уште малце ќе прочепкам
ако не бива ќе ја носам на сервис тоа е тоа


edit: со домача дијагностика тешко,зошто оваа е со 3 пина,на поновиве коли има универзална,ми треба посебно кабелче

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #3 на: 21 Ноември 2012, 18:52:42 pm »
Слушни се со Влатко, се поврзувале 2 и 3 пин и светкало сијаличето со инжекторче во секвенца, колку пати светне таа бројка ја бараш во листа на грешки.
Ќе ти објасни тој, јави му се пиши му на форум, не ми текнува како беше сеа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Проблем со сензори
« Одговори #4 на: 21 Ноември 2012, 18:55:56 pm »
Хммм.... Ај провери го кабелот што поминува над ребрастиот, да не е цвикнат некаде. И на самиот кабел има џекче и се спојува со друг кабел, извади го џекот и види да не е прљав, издувај го.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4998
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #5 на: 21 Ноември 2012, 19:07:17 pm »
Ај сеа вака значи на ваква работа пешки се праи дијагностика:
1. Имаш ли искра?
2. Имаш ли гориво до напред?
Ако имаш искра ја немаш во прав момент треба да провериш CKP сензор еве ти како:

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #6 на: 21 Ноември 2012, 19:19:49 pm »
Ај сеа вака значи на ваква работа пешки се праи дијагностика:
1. Имаш ли искра?
2. Имаш ли гориво до напред?
Ако имаш искра ја немаш во прав момент треба да провериш CKP сензор еве ти како:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
оваа autodata ли е и која верзија јас ја имам 3.1.8

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Проблем со сензори
« Одговори #7 на: 21 Ноември 2012, 21:17:32 pm »
Смицка за овој кабел ти зборев што е на сликата. Провери го џекот, знае да кондезира и да дупи.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #8 на: 21 Ноември 2012, 22:08:48 pm »
овој е од сензорот за позиција на радилица,тешко се расипуваат  овие,кабелот знае да зебе работа,провери го убаво,извади свеќиците пробај заверглај види дали има искра,земи измери притисок ако можеш на гориво,да не ти е отиден регулаторот за притисок и тој знае да умрси работа

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #9 на: 21 Ноември 2012, 22:22:57 pm »
искра сигурно има,зошто како што реков пали но гаси после 2-3 секунди
е сега утре ќе го проверам и сензорот и кабелчето и џекот па ќе видиме што ќе биде



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #10 на: 21 Ноември 2012, 22:24:58 pm »
Може бобините да је*ат... Кажи пресисана е откако ќе угаси или јок? има мирис на бензин околу мотор?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #11 на: 21 Ноември 2012, 22:29:33 pm »
Да не е до кодот на клучот за палење? Кај мене имав ист проблем значи палеше колата,работеше некоја секунда и гаснеше бтв го решив со пари за 2 кафиња  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #12 на: 21 Ноември 2012, 22:30:53 pm »
Обично не би запалило ако е кодот. А и би светело портокалово кључе на шалт табла...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #13 на: 21 Ноември 2012, 22:31:29 pm »
не е пресисана,не мириса на бензин,утре да го склопам вбризгувањето па да проверам дали воопшто стига бензинот до напред

edit: кодот светнува на 2 секунди кога ќе дадам контакт и се гаси,некогаш знае да остане да свети,па гасам контакт повторно давам и се гаси после 2 секунди

Отсутен dimitar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Проблем со сензори
« Одговори #14 на: 21 Ноември 2012, 22:33:09 pm »
Обично не би запалило ако е кодот. А и би светело портокалово кључе на шалт табла...
Мојата палеше ама гаснеше веднаш,а клучето си трепкаше.