Ели, нема двегодишни деца на форумов, но има доста родители со мали деца кои можат да го применат кажаното.
Фаланга, мене не ми пречи некој да си тера на дијалект, ако знае да збори без дијалект. Имам другар куманоец, кој се шалта ко ДСГ од кумановски, па на скопски, па литературно. И јас му се восхитувам...
По средниве школи и факултети порано дојдените од сите краишта на МК им беше с
Трам да ги слушнат дека зборат некој дијалект, денеска е обратно, воопшто не се ни трудат да зборат поинаку. Се` додека тоа е во неформален говор воопшто не ми пречи, напротив дури и симпатично е, ќе научиш некој нов македонски збор
