Ако имаш можност да купиш е30 земај без да размислуваш... јас имав е30 320и ја возев долго време и ја продадов пред 5,6 години, и кога ке најдам е30ка како што сакам пак ке си купам...
Е сеа како модели знаеш има пред и после фејслифт.
Моја препорака за мотор ако сакаш 4 цилинди само 318ис ама се многу ретки посебно со 4 врати затоа ако гледаш некоја 318и (М40Б18 од 87-91 со ребраст) добро гледај го моторот, бидејки се доста извозени моторите им се малце по бучни се слушаат хидраулични подигачи, исто им се трошат деловите кај брегастата и ке приметиш во возење во втора или трета колата нема да може да дигне повеке од 4500 вртежи.
постарите 316, и 318 со М10 мотор се малце послаби во снага ама затоа и многу издржливи....
Ако планираш 6 цилиндри тогаш гледај го моторот да не троши вода. доколку бил прегреан веројатноста дека е пукната главата е многу голема, а веке потешко се наогаат глави посебно за 325и.
Таа на сликата што ја имаш постирано е пред фејслифт со М-техник 1
И внимателно со гаста посебно кај овие со 6 цилиндри