Casio-во е супер и изгледа супер, али цената е ненормална. Инаку нема да биде на 50% попуст, не се надевајте на тоа, секоја акција имаат 7/8 ставки со ограничувања и редовно ваквите модели не влагаат. Саатов дефинитивно не вреди, затоа што за тие пари или плус нешто се купува Тисот или во најмала рака Сеико и тоа аутоматик или... почнува веќе да има избор во тој ранг. Кај 30К таму и 45К собери и земи Тисот Т-тач. Али имај наум и дека ваквите саати коштаат поскапо за оддржување. Јас платив 3400 денари за промена на батерија на Т-Тач. За тие пари можев уље и филтри да сменам.
Се слагам со Дени, касио не е бижутерија (за разлика од Армани, Полис, Мајк Корс итн), ама па не е некоја елита за да кошта 500 евра.
@RedEco, во тој ценовен ранг само касио едифис. Ако си за нешто плус, имаш и сеико и ситизен.