Кој ми изваде муабет дека пијам ракија?! Глава не кренав од тогаш!
Јас конзумирам само вода, исклучиво негазирана, затоа што водам прилично здрав живот. Јадам умерено, најчесто безмасна храна, со минимум калории. Не можам да кажам секој ден, ама ај нека е секој втор, пешачам на рид, 7 километри пешачење.
Во меѓувреме се развозувам и со точак низ улици.
Мене стварно не ми е јасно од каде е муабетот дека конзумирам ракија и водам нездрав живот 
Во трезни моменти го имаш пишано ова, па си се нанервирал

Еве за да не се нервираш, јас пијам ракија секој ден по 2. Ден без свинско не ми минува. Кулен, сланина обавезно. Урдичка, сирење а и шопска и лути чушки. Работам канцелариски пацов, среќа двократно работам па минувам пеш 40 минути дневно.
Приматот за најпијаница на форумот за месец Јуни од Ипкис го превземам јас. Сите драпешки да ги упатувате на моја адреса. Во Јули ќе најдеме некој друг
Ве замолувам да не го нервирате човекот како би бил во можност на раат барем во месец Јуни да си пие ракија.
P.S. Ипкис, вода е штетно и во чевлите да ти влезе. Пиј си ракија
Kiss4e
