Ретко го има како мојот, пред месец дена кога бев во East Gate го имаа во Хронометар на излог.
Еве го лично мојот. Циферот е перверзија. Не се гледа на сликата, ама имитира море, под одреден агол се гледаат брановите и мантите (manta ray) се гледаат како на дното.
Има и т.н вафла цифер како овој горе, ама мене лично не ми прави толку ќеиф.
Плус тоа керамичкиот безел што прави одсјај дава уште поубав шмек.

Процедурално: Не се водите што имаат на залиха од веб страната. Врска нема тоа. Јавете се на телефон дали во East Gate или на Плоштад. натерајте ги да проверат. Јас кога барав прво ми викаа нема, после испадна дека го имаат кога им реков да проверат случајно да не го имаат. Хаос се малку.