Автор Тема: Совет за часовник  (Прочитано 225689 пати)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #840 на: 18 Јануари 2019, 18:52:51 pm »
Дали некој нарачувал часовник (од 60 евра па нагоре) преку интернет и како поминал на царина? Конретно ме интересираат нарачките преку Амазон, ама можеби би земал во предвид и друга опција. Ако дојде до тоа да се царини часовникот, да не ја земат во предвид RRP цената?
Исто така, ако имате некој генерални совети во врска со поскапи нарачки преку интернет, ве молам да ги споделите.

Амазон колку што знам не испорачува до МК освен книги. Можно е некој продавач на амазон да испорачува... инаку амазон уредно ги декларира сите пратки, така да ке имаш трошок и ке биде пресемтан на цената која амазон ја има наведено на декларацијата. Кој часовник конкретно?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Совет за часовник
« Одговори #841 на: 18 Јануари 2019, 19:09:26 pm »
Дали некој нарачувал часовник (од 60 евра па нагоре) преку интернет и како поминал на царина? Конретно ме интересираат нарачките преку Амазон, ама можеби би земал во предвид и друга опција. Ако дојде до тоа да се царини часовникот, да не ја земат во предвид RRP цената?
Исто така, ако имате некој генерални совети во врска со поскапи нарачки преку интернет, ве молам да ги споделите.

Jaс имам нарачано Casio G-Watch, не ме царинеа ништо, продавачот беше од САД а испораката идеше преку нивната USPS. Не знам дали си нарачувал од Амазон, ист производ продаваат повеќе продавачи - повеќето не испорачуваат овде ама се наоѓаат и такви што испорачуваат.
Ако дојде до царинење работата, имај спремно банкарски извод (може и принт или скриншот од листинг) и принт/скриншот од нарачката од продавницата. Ништо друго не ти треба овен ако не се работи за нешто налик на накит, во кој случај претпоставувам би правеле свои проценки.

Пази се само од форумскава полиција овде, се лутат на сите што не платиле дупло поскапо за истиот часовник од мајтајм или би-вач (како нив).  :)

Инаку не знам што е за тебе „поскапа нарачка“. Имам пар пати купувано и аутоматик механички часовници преку нет, немало ни проблеми ни царинење. Е сега ако нарачуваш некој швицарац со цена од 4-5 цифри... Тоа не знам. Во тој случај подобро купи си на патување, ем такс фри ќе си земеш.
Тоа со царнинењето голема улога игра со која пошта ти стига пратката, ако стига преку „курир“ поштите како DHL UPS гарант те царинат (и DHL UPS гарант те пљачкаат). Ако иде со обична пошта, шансите се солидни цариниците да не ја отворат меѓу илјадниците други пратки. Само кутијата да не преголема.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Совет за часовник
« Одговори #842 на: 18 Јануари 2019, 22:32:19 pm »

Амазон колку што знам не испорачува до МК освен книги. Можно е некој продавач на амазон да испорачува... инаку амазон уредно ги декларира сите пратки, така да ке имаш трошок и ке биде пресемтан на цената која амазон ја има наведено на декларацијата. Кој часовник конкретно?
Имам нарачано часовник од Амазон пред 3 месеци и уредно стигна пратката. Не се работеше за голема сума, малку ризикував, ама се искочи по план на крај.Работата е што сега сакам да земам нешто поскапо, размислувам за Seiko како бренд, нешто со легендарниот 7S26 movement, пред да замине во историјата, по некои мои предвидувања.

Како што веќе спомнав, имам нарачувано, само сумата беше мала, па ништо страшно.

Да, лошо се изразив, „поскапа нарачка“ е широк поим, јас мислев на сума од околу 200 евра, што сепак не е пара за фрлање кај нас. Швицарците малце ќе ме почекаат, можда кога ќе влеземе во Европа ќе се створат услови за некоја Ролексчина.

Негде прочитав дека треба да пазам на DHL и UPS, само не знам како да бидам сигурен со која пошта ќе ми биде испратена пратката?

Фала ви на советите, дечки.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #843 на: 18 Јануари 2019, 23:44:44 pm »

Јас имам Seiko Sport 5 со 7S36B, купен од хронометар, најужасната продавница што постои. Избегнувај ги максимално. Би ти препорачал ибеј затоа што таму можеш да се договориш со продавачот, ама од друга страна, сеико доаѓаат релативно убаво спакувани, приметливи се, кој и да види знае што е сеико, така да, ми делува некако неизбежна царината. Наједноставно, оди во грција, во Tempus, види си претхнодно што имаат, може и да си порачаш нешто, ке си пробаш на лице место, имаш и такс фри, преку граница немаш проблем со роба од 200 евра и ке бидеш пресреќен. Рачунај дека на цениве од сајтот може и да се исценкаш за некој попуст.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Совет за часовник
« Одговори #844 на: 19 Јануари 2019, 15:24:47 pm »
Темпус сами даваат попуст кога ќе им пишеш на мејл за цени и за подигање од продавница.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Совет за часовник
« Одговори #845 на: 19 Јануари 2019, 15:34:25 pm »
Негде прочитав дека треба да пазам на DHL и UPS, само не знам како да бидам сигурен со која пошта ќе ми биде испратена пратката?

Мислам дека пишува кога нарачуваш, плус секогаш можеш да го контактираш продавачот и да го прашаш (и да нагласиш дека не сакаш пратка преку курир пошта).

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Совет за часовник
« Одговори #846 на: 19 Јануари 2019, 16:19:40 pm »
Јас имам Seiko Sport 5 со 7S36B, купен од хронометар, најужасната продавница што постои. Избегнувај ги максимално. Би ти препорачал ибеј затоа што таму можеш да се договориш со продавачот, ама од друга страна, сеико доаѓаат релативно убаво спакувани, приметливи се, кој и да види знае што е сеико, така да, ми делува некако неизбежна царината. Наједноставно, оди во грција, во Tempus, види си претхнодно што имаат, може и да си порачаш нешто, ке си пробаш на лице место, имаш и такс фри, преку граница немаш проблем со роба од 200 евра и ке бидеш пресреќен. Рачунај дека на цениве од сајтот може и да се исценкаш за некој попуст.
Неколку страни назад прочитав за односот во Хронометар. Јас сум немал никакво искуство досега со нив.
Ако одам до Грција, ќе ги имам во предвид Tempus, добра цена може да се извади со попуст и tax free. Само некако слаб избор на Seiko, нема ни еден diver.

Мислам дека пишува кога нарачуваш, плус секогаш можеш да го контактираш продавачот и да го прашаш (и да нагласиш дека не сакаш пратка преку курир пошта).
Јасно, ќе пазам на тоа.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #847 на: 19 Јануари 2019, 20:52:59 pm »

Можеш да им пишеш за што конкретно си заинтересиран и они ке ти кажат дали може да го набават. Во принцип се многу коректни и услужливи и прилично добро продаваат па така постојано имаат обрт на часовници. Само како пример во Божиновси ми рекоа дека нарачка ке прават за околу 40-50 дена значи со испорака најмалку 60-70 дена, а во темпус кога ми рекоа дека треба да прават нарачка ако е во ред со мене да почекам 7 дена за да го донесат, тогаш нема проблем. Најверојатно нарачката зависи од неколку фактори, ама во секој случај, прашај си што те интресира.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Совет за часовник
« Одговори #848 на: 20 Јануари 2019, 17:31:38 pm »

Дефинитивно ќе ги контактирам ако одам за Грција, ама се сомневам дека тоа ќе биде скоро. Планирав да земам нешто во наредниве 2-3 недели. Во секој случај, добро е да се знае дека прават нарачки.

Излезе еден проблем, Амазон не ги испорачува моделите што ми влегоа во потесен избор, бар не по таа цена што рачунав. Dodo беше во право. Со првиот часовник имав среќа, ама сега ќе морам да барам алтернатива.

Ако некој знае други страни што вршат испорака до кај нас, ќе го молам да ги сподели, нормално без висока цена за испорака. Барав малце вчера по интернет и ја најдов https://www.creationwatches.com, само што има многу различни мислења за странава, ако ми е последна опција, можеби би ризикувал. https://www.jomashop.com/ и https://www.longislandwatch.com/ изгледаат како сигурни страни, има добри мислења за нив, само што цената на испорака ќе биде доста висока во споредба со часовникот.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Совет за часовник
« Одговори #849 на: 20 Јануари 2019, 22:39:50 pm »
Да ѕирнеш на eBay?
Пример за еден солиден продавач.
https://www.m.ebay.com/sch/i.html?isRefine=true&_pgn=1&_nkw=seller%3Achronospride&_sasl=chronospride

Sent using Tapatalk

Потпис.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Совет за часовник
« Одговори #850 на: 21 Јануари 2019, 08:51:08 am »
Јас од овде https://www.watchshop.com/ и овде https://www.mastersintime.com/ сум нарачувал без проблеми, прилично сум сигурен дека има достава до Македонија.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Совет за часовник
« Одговори #851 на: 21 Јануари 2019, 19:14:44 pm »
Фала ви, ќе разгледам.

Со www.creationwatches.com никој немал искуство? Имаат free shipping и добра цена, само наводно имале слаб customer service.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8946
  • Пичлеме
Одг: Совет за часовник
« Одговори #852 на: 15 Февруари 2019, 10:22:03 am »
Касио со тач скрин од 1984г. :)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #853 на: 15 Февруари 2019, 11:30:36 am »
Касио со тач скрин од 1984г. :)

Прејако... штета што е 700 долари на ибеј. Сакам еден.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Совет за часовник
« Одговори #854 на: 16 Април 2019, 10:45:50 am »
Да не отварам нова тема, размислувам да ги продадам саативе подолу. Немам кутија, а само металното ременче може да се корегира.

Едниот е Nautica оргинал купен во USA.
Другиот е Ulysse Nardin прва реплика купен онлајн.

Двата функционираат комплет со тоа што морам да сменам батерија и на двата. Не ги носам па само дремат во фиока.

Ако можам да им извадам 6к на двата би било супер.