Амазон колку што знам не испорачува до МК освен книги. Можно е некој продавач на амазон да испорачува... инаку амазон уредно ги декларира сите пратки, така да ке имаш трошок и ке биде пресемтан на цената која амазон ја има наведено на декларацијата. Кој часовник конкретно?
Имам нарачано часовник од Амазон пред 3 месеци и уредно стигна пратката. Не се работеше за голема сума, малку ризикував, ама се искочи по план на крај.Работата е што сега сакам да земам нешто поскапо, размислувам за Seiko како бренд, нешто со легендарниот 7S26 movement, пред да замине во историјата, по некои мои предвидувања.
Jaс имам нарачано Casio G-Watch, не ме царинеа ништо, продавачот беше од САД а испораката идеше преку нивната USPS. Не знам дали си нарачувал од Амазон, ист производ продаваат повеќе продавачи - повеќето не испорачуваат овде ама се наоѓаат и такви што испорачуваат.
Ако дојде до царинење работата, имај спремно банкарски извод (може и принт или скриншот од листинг) и принт/скриншот од нарачката од продавницата. Ништо друго не ти треба овен ако не се работи за нешто налик на накит, во кој случај претпоставувам би правеле свои проценки.
Пази се само од форумскава полиција овде, се лутат на сите што не платиле дупло поскапо за истиот часовник од мајтајм или би-вач (како нив). 
Инаку не знам што е за тебе „поскапа нарачка“. Имам пар пати купувано и аутоматик механички часовници преку нет, немало ни проблеми ни царинење. Е сега ако нарачуваш некој швицарац со цена од 4-5 цифри... Тоа не знам. Во тој случај подобро купи си на патување, ем такс фри ќе си земеш.
Тоа со царнинењето голема улога игра со која пошта ти стига пратката, ако стига преку „курир“ поштите како DHL UPS гарант те царинат (и DHL UPS гарант те пљачкаат). Ако иде со обична пошта, шансите се солидни цариниците да не ја отворат меѓу илјадниците други пратки. Само кутијата да не преголема.
Како што веќе спомнав, имам нарачувано, само сумата беше мала, па ништо страшно.
Да, лошо се изразив, „поскапа нарачка“ е широк поим, јас мислев на сума од околу 200 евра, што сепак не е пара за фрлање кај нас. Швицарците малце ќе ме почекаат, можда кога ќе влеземе во Европа ќе се створат услови за некоја Ролексчина.
Негде прочитав дека треба да пазам на DHL и UPS, само не знам како да бидам сигурен со која пошта ќе ми биде испратена пратката?
Фала ви на советите, дечки.