Автор Тема: Блокиран безбедносен појас  (Прочитано 1330 пати)

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Блокиран безбедносен појас
« на: 18 Ноември 2012, 11:55:09 am »
Здраво дечки,
Пред некој ден инсталирав детско седиште на задна клупа. При манипулација случајно ми се деси да го извлечам безбедносниот појас до крај и не се враќа назад. Дали има некоја финта или механизмот е расипан? Се работи за релативно нова кола, Seat Altea 2009. А појасот дали е пет пати користен за врзување при пат на подолги релации.
Поздрав.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #1 на: 18 Ноември 2012, 11:57:31 am »
Пробај потегни малку посилно нанапред, „цимни“ го малце.. Би требало да се врати сам назад.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #2 на: 18 Ноември 2012, 13:02:44 pm »
Simo,
Пробав посилно со цимање, и напред и малце нагоре, па лево десно, не мрда. Извлечен е изгледа до крај, а механизмов не реагира. Чаре?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #3 на: 18 Ноември 2012, 14:35:27 pm »
Раслклопување. Види како можиш да стигниш до механизмот, па да видиш дали од нешто е заглавен.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #4 на: 18 Ноември 2012, 16:14:10 pm »
Заглавиле тие куглите што по центрифугален пат се заглавуваат за да не може да оди уште појасот при нагло потегнување, и тоа веројатно баш на крај, кога немаш више појас за истегнување. Пробај малце со чеканче лупни по котурот (механизмот), може ќе се одглават, пред да почнеш со отворање. Мене еднаш на Самарата ми се имаше тоа десено, малце со вакви „убедувачки методи“ успеав да го вратам назад, и потоа си функционираше беспрекорно. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #5 на: 18 Ноември 2012, 16:15:56 pm »
Полека тегни го, не нагло. Ако е ко што вика Симо, треба да се одглави.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #6 на: 18 Ноември 2012, 19:21:00 pm »
Пробај да го враќаш назад, може ќе повлече.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #7 на: 21 Ноември 2012, 23:17:09 pm »
Успеав да го поправам појасов.
Ја извадив маската и приметив дека појасот е заглавен ама не беше извлечен до крај туку имаше еден или два круга околу буренцето. При мрдање на појасот испадна оваа пластика:

Ја разгледав малце и видов дека не е оштетена туку само излезена од лежиште поради наглото влечење нагоре и во страна кога се обидував да го "цимам". Пластикава има изгледа функција да го усмерува појасот за правилно да се намота околу буренцето и да не се увива.
Почнав да го мотам рачно буренцето во насока на намотување и по неколку круга напред-назад се активираше механизмот за намотување! После тоа повеќе пати го пробав за да се уверам дека работи и пред да ја вратам таа пластиката за усмерување на појасот во своето лежиште му прснав малце WD40 на буренцето кај допирот со држачот каде што врти. Се надевам не згрешив со подмачкувањето  ???

После се вратив на свое место. :)


Ви благодарам на сите за корисните совети!
Поздрав.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #8 на: 21 Ноември 2012, 23:19:53 pm »
АКо не ти се „мрси“ појасот, според мене не си згрешил со подмачкување

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Блокиран безбедносен појас
« Одговори #9 на: 21 Ноември 2012, 23:28:51 pm »
Се надевам нема, фала Simo.