Казан се изнамачив. И јас не можев да најдам. Тој идитот кај подвожњак карши школото ми бараше 110 евра по бандаш. На крај порачав одкај Мултибренд, оној на Јужен булевар што се наоѓа од страната на Кисела вода. Фино пројдов, а и не ме фати многу скапо. За 400 евра ги земав бандашите и 4 зимски Фулда Кристал монтеро гуми кои супер се покажаа зимава по планињево. Се тоа за 400 евра + 16 сигурносни штрафови.
Само беа ремногу тесни лежиштата. Беа потесни за 5мм, ама дечкото ги однесе на дреар, ми ги среди и се тоа во цената. Сега се супер. Малце се пошироки од фабричките и се поиздадени кон надвор. Баш си ја доби Спаркот онаа малку стабилност која му недостасуваше...