Автор Тема: Golf MK2 GTI 8v  (Прочитано 11442 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #30 на: 24 Август 2018, 23:27:57 pm »
Четиво за плажа, поглавје 2.

Поради здравствени проблеми се намали интензитетот на работа, но собрав сили да завршам уште нешто пред да се продолжи со понатамошните задачи за фарбање.

Рачките на вратите не беа извадени, задните лајсни на вратите и секако пластичните прагови и флерови.



Зачудувачки е снаодливоста на нашите мајстори... ако падне лајсна лесно е, стави саморезни штрафови или нитнувај, кај ќе бега. Морав еден тон нитни да избушам.





Добра вест е што под флеровите нема скапаници, сум имал среќа овој пат. Најверојатно во следниот период ќе паузираат работите на оваа и на другата двојка поради службено патување. Доколку мајсторот има прогрес на оваа ќе ве известувам преку фотографии до каде е работата.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #31 на: 16 Септември 2018, 05:27:00 am »
Едно освежување на темата, се работи постепено. Додека се вратам дома би требало да биде офарбана, еве за сега каква е состојбата.

Колата е во филер, фали стругање на вода па вапцање.











Е сега, немав среќа со левата предна врата... мораше да се набави уште една половна.



За крај еден десерт, мислам дека и класниот ќе ги постира сликите но ове еден линк што сликнав некоја кола во Америка на собир кој што го посетив. Ако би можел да бирам некогаш америчка кола тоа би било Камаро СС од 69та година... и што се случува, влагам на собирот и слушам В8 машина позади мене се вртам и еве го... се наежив цел.

https://imgur.com/a/F5YlMTW

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #32 на: 07 Ноември 2018, 01:30:40 am »
Другари, што не кажувате дека темава фатила пајажини?

Шала на страна, ајде да направам еден поопширен апдејт, што е до каде е и уште што треба.

Бидејќи колата ја планирам повеќе за секојдневно возење фарбањето не е на исто ниво како другата, па затоа и не беше фарбана во комора. Може дебело се зезнав, ама ете финансиите беа толку.







И еве малку на сонце како изгледа.





Потоа почна полека да се собира колата. Целта ми беше да ја завршам од надвор за да можам потоа на тенане да се посветам на внатрешноста и средување на ентериерот.













Малку се намачив со предната маска околу фаровите, немав буџет за нова а оваа беше малку изморена од времето па единствено логично решение е да ја освежам. Торнадо ред за црвениот кант и мат црно за останатото.



На сликата горе може да се види дека ги заменив и двата надворешни ретровизори, претходно левиот беше скршен.

Наместив и нова предна шофершајбна бидејќи предходната беше премногу оштетена и мачно беше за возење плус пукна на вадење.



И колата како изгледа сега од надвор, од внатре немам слики но генерално изваден е ентериерот се спремаат електрични седишта од Г60ка оригинални напред, комплет со задното седиште и тапацирите од вратите. За таа работа повторно е задолжен @Deno така да оставам он да ни направи сорпреса со слики. Треба уште да го извадам кровчето да се претапацира и најверојатно даската во багажник.




Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #33 на: 07 Ноември 2018, 10:09:13 am »
Браво бе момци!
Ја полиравте после фарбањето?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #34 на: 07 Ноември 2018, 11:51:56 am »
@зоки-златен да полирана е, ништо посебно само неколку места за да паднат прашинки од фарбањето.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #35 на: 26 Јануари 2019, 12:29:36 pm »
Класен @zeroSignal ако може катанец на темата, колата има нов стопан. Машки си даде понуда и морав машки да ја прифатам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #36 на: 26 Јануари 2019, 15:11:41 pm »
Нека му е со среќа на новиот газда!