Автор Тема: Golf MK2 GTI 8v  (Прочитано 11443 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #15 на: 13 Април 2018, 12:50:48 pm »
Па у главно две причини:

1. Да се среди се, треба пари
2. Кога ќе одам некаде и се паркирам, дали на кафе сум седнат или не, нема да седам ко на игли дали некој ќе ми ја фати колата и изгребе или незнам што. Прво поминување низ вода по нашиве улици ќе биде извалкано се, а реално мене колата ми е за возење.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #16 на: 13 Април 2018, 12:58:53 pm »
Еве и јас се мачам да разберам и никако не ми иде... :D

Отсутен Dame/pele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #17 на: 14 Април 2018, 02:30:16 am »
Голфот е екстра поздрав голф не сум видел го возев кога беше кај боби ракета е

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #18 на: 15 Април 2018, 02:18:56 am »
Голфот е екстра поздрав голф не сум видел го возев кога беше кај боби ракета е

Тогаш немаше ламела, но сега е далеку подобар.

Во меѓувреме се заврши и задниот трап, променети лагери, дискови, плочки и монтирани задните амортизери.







Бидејки задниот лонец беше од Лада, страшно ме нервираше и го гушеше моторот бидејќи беше потесен денес отидов у посате на АС-Стил и дечките повторно не ме разочараа. Колата си доби нов заден лонец и одстранет е еден од двата средни.



За крај едно освежување во перална.



Па да го заокружиме денот со возење и дружба.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #19 на: 15 Април 2018, 09:19:36 am »
Гледам си сликал кај мене во маало, тука да не живееш?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #20 на: 15 Април 2018, 18:03:14 pm »
@achtung ќе бидеме за 2-3 месеци комшии, дури да стаса мебелот. И ти си тука некаде?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #21 на: 15 Април 2018, 23:10:39 pm »
Денес иако претежно облачно беше совршено време за дружба и возење надвор од Скопје.











И покрај тоа што е 27 години стара кола и 300 пластики крцкаат, на крај на денот ја затварам вратата со насмевка, нема подобро чуство од она кога ја возиш колата што ти била сон цело детство.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #22 на: 20 Април 2018, 00:12:59 am »
Си заборавил да пишеш дека го користиш и како комбе и вршиш карго превоз.   ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #23 на: 20 Април 2018, 01:36:06 am »
Хахаха @Deno па далеку си на грб да ги донесам седиштата кај тебе на изработка  ;D, плус други луѓе праќаат по мене за кај тебе. Ќе почнам нов бизнис ќе наплаќам карго хахахахаха

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #24 на: 21 Април 2018, 10:12:31 am »
И да почнеш да наплаќаш. 😃

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #25 на: 21 Април 2018, 23:51:53 pm »
Хахаха @Deno па далеку си на грб да ги донесам седиштата кај тебе на изработка  ;D, плус други луѓе праќаат по мене за кај тебе. Ќе почнам нов бизнис ќе наплаќам карго хахахахаха

kje naplakjas ama posle redovni ceni za delovi kje si plakas ;D

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #26 на: 22 Април 2018, 14:50:48 pm »
@darko mk5 за редовни клиенти е без пари 😂

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #27 на: 04 Јули 2018, 13:42:25 pm »
Ја запустив темата, да ја освежиме малку со не така убави вести. Имено имаме многу добри шофери на комбиња во рикверц:





И не, не ме удри паркиран да не мислите грешка сум се паркирал ме удри во движење изминатиот викенд. Наеднаш излезе од сервис наназад улетан без да внимава на сообраќајот, неизбежен беше сударот среќа што и со толку бидна цела работа.

Уште веднаш си најдов друга врата, задната врата ќе се исправи и среди само мака ми е што неможам у моментов цела кола да ја префарбам, така да десните врати ќе делат од остатокот од колата.


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #28 на: 23 Јули 2018, 13:08:00 pm »
Набавив и нова лева врата, црвена како десната од погорниот пост.

Земено е и платното за сончевиот кров, фалеше кај мене, некогаш изгледа било извадено заради поправки на кровчето и останало некаде, сега барем го имам.

Изминатиот викенд свртев цирка 500 и нешто километри во еден ден, Скопје-Прилеп-Струмица-Скопје. Собрав делови за оваа и за другата двојка. Падна одлука и оваа двојка да се фарба целосно од надвор, внатрешно е релативно супер така да нема скроз да се растура.

Треба во блиска иднина да го оставам у гаража и да се спрема за фарбање.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Golf MK2 GTI 8v
« Одговори #29 на: 17 Август 2018, 17:33:10 pm »
Другари ајде да ви дадам едно четиво за на плажа, кај и да сте по одмори убаво да си поминете :)

Знаете од претходните постови дека ме зденаа од десната страна и предната врата беше најоштетена, мора да се замени со друга.

Пред да споделам слики и што е сработено на колата да ви кажам нешто од искуство, некои може веќе си знаете но ете да се најде за недајбоже. Значи добив проценка од осигурителната компанија за штетата која што не вклучуваше промена на вратата, наводно по нивна проценка се поправала. Решив да барам друга проценка бидејќи вратата очигледно не се поправа и мора да се купи друга, макар и поволна.

Добив повик од осигурителната компанија, велат спогодбено да ти исплатиме веднаш сума помала од првично предвидената штета. Им реков не се согласувам, што има да правам јас спогодба со вас, јас не сум крив за незгодата а мојата штета е поголема од вашата првична проценка и сега велам вие ми нудите спогодба на помала сума. Им се заканив со тужба со докази дека вратата е заменета плус и им реков дека сигурно ќе добијам на суд и ќе треба да ја исплатат штетата плус да платат судски трошоци, на што нивниот одговор веднаш беше да ми ја исплатат штетата целосно т.е. со вклучена промена на вратата.

Така да не прифаќајте ништо што не ја покрива вашата штета, зошто спогодбено кога тие и така и така мора да ја платат штетата.

Толку за тоа, сега за колата. Бидејќи штетата опфаќаше фарбање на двете десни врати... ми текна дека ќе дели таа страна од цела кола, лакот и бојата на места беа во ептен лоша состојба. Затоа решив на сопствен трошок да го офарбам остатокот.

Почнав со растурање:





Старото добро место, како да е резервирано само за мене хахаха



Почнав да ги растурам вратите, да се вадат кедери и стакла.



Наместив новата предна лева врата да видам дали лежи се во линија.





И се изгледа ОК.





Па се префрлив на другата страна.





Немам слики, но изваден е и заедниот браник исто така. Останува да се доизвадат лајсните и полумесеци па ќе видиме што ќе биде следно, треба да се процени состојбата под пластиките, среќа на предните крила нема скапаници.