Да се чудиш зошто би пишале такво нешто. Веројатно не нудат модели со R32. А и не дека R32 е некако битен во самата клима. Миксот е сличен со 410 само без одредени компоненти за да биде поеколошки доколку некогаш истече.
Тоа како корисник поготово мал корисник воопшто не треба да те засега за дали тој 1кг фреон од кај тебе истекол во атмосферата и допринел за глобално затоплување. Количината е смешна.
Пазарот како пазар нема што да се спрема. Уредот со сите единици е комплетно решение кое фирмата ти го нуди комплет со монтажа и пуштање во употреба.
А дека нема R32 да се купи можда нема. Чисто се сомневам да нема кога 20 фирми го нудат ама ајде. Ама и да нема додека да стигне да треба да се дополнува ќе има сигурни. Иако и сега има.
Непотребно придавање на внимание на типот на фреон. Нешто кое не ни треба да е предмет на разговор кај мали корисници.
Нема што да "бараме". Има на пазарот доста малку модели со R32 така да барањето ќе е многу лесно. Поважните карактеристики се компресор, големина на компресор, тип на компресор, изработка на изменувачите и материјал, како и перформанси на тестирања.