Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198141 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ќе прашам деновиве како е процедурата за исклучување. Ако се исклучува со едно кратен надомест ќе видам годинава како ќе поминиме.

За исклучување од парно?   :D
На вклучување потпишуваш дека стапуваш како кмет во феудален однос, и им го препишуваш првородениот син, и син на првородениот син, и неговиот првороден син, и... Не се шегувам, еднаш штом потпишеш со нив - станот влегува во должнички однос кој НИКОГАШ НЕ МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПРЕКИНЕ. Дури и да го продадеш станот, следниот сопственик ги наследува обврските.

Сериозно, можеш називно да се исклучиш ама пар десетина проценти ќе продолжиш да си ги плаќаш како попче - им се може на педерите затоа што на сите тие страња ќе мораш лично да се согласиш, и да потпишеш договор дека се согласуваш.
Имаше цело едно здружение на граѓани, со стотици членови, кои заеднички плаќаат адвокати со години да водат судски случај само за да се исклучат без плаќање до крајот на светот.

А ти сам сакаш да одиш таму од каде шти тие сакаат да избегаат. Не се заебавај, земи си една добра клима и види како ќе иде (не е дека потоа секако нема да ја користиш).
Ако баш мораш, во феудално кметство секогаш ќе можеш да стапиш и после следнава грејна сезона. Но еднаш кога ќе им седнеш во скут, од таму нема никогаш повеќе станување. :D


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Во новоте згради и да не потпишеш договор ако зградата има 51% што ќе склучат договор автоматски и ти ќе плаќаш без разлика што не си потпишал никогаш договор.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
.Сите градови и села во Македонија би биле пресреќни да се приклучат на градско парно

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Со клима не се грее, ама македончето нема кеш па мора да наоѓа евтино решение. За некое време кога ќе почнат кашлици алергии цацко ќе биде крив


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk
Зависи колкави топлински загуби ти има просторијата. Ако е добро изолирана без проблем се грее со клима до -15 степени.

Секако мислам на добра клима како што предложија членовите погоре, а не некој прдеж кој повеќе време се одмрзнува одколку што грее .


Имам добра клима, за своето време може  и најдобрата беше (пред 3год) и сум влегол кај луѓе што се на парно или дрва, топлината чувството и воздухот се разлика небо и земја



Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Пак се изначитав од ПИРОВИ ЕКСПЕРТИЗИ, од повеќе членови, но сепак, на чело со дени.

Дени друже.. Незнам кој пат ти го кажувам ова. Се што пишуваш е тешко тресење грешни податоци. Многу грешиш, а претерано си нарцисоиден и инаетлив за да признаеш.  Држи се до твојата професија. Не соли памет на други што да прават по вакво едно многу, многу ама стварно МНОГУ комплексно и обемно прашање. Како што видов до сега, на сите што им препорача за греење, упорно само и само клими. Само линкови пушташ и единствен репер ти е квадратура и изолација... Мислам, дај олади стварно, фотграф си, сликај таму и остави луѓе што се стручни да кажат што знаат, после 2 децении работа со климатизација...ќе те послуша некој недај боже, ќе поверува и автоматски ти си го заебал... Немаш грижа на совест дека ќе поебеш некого?? А да почнам јас во теми за фотографии и апарати да објашњавам?? И тоа да земам цврст став како ти?? Колку луѓе ќе заебам?? А ти нема да ми се смееш како ја на тебе сега?? Пошто ќе се убијам од траскање глупости...

Што се однесува до информации за греење и климатизација, неколку пати сум рекол и пишал во темава дека несебично нудам помош и информации на сите членови од Кар Клуб. За оние во скопје што се, можам и да поминам, да зирнам, нај убаво е тоа, па да проценам и да ви го дадам мојот совет помеѓу она што се двоумите. За внатрешноста низ Македонија, ако не ви се брза, јавете се или пишете меил, ќе поминам кога сум во ваша околина. Ако ви се брза, может да платите патни трошоци, ќе дојдам многу брзо (2-3-4 дена).  Слободно пишете меил, или на тел. Од 11 до 21ч јавете се. Моите контакт форми, ги има во линковите, потписот на сите мои постови.
Поздрав!!

Едит

Со клима не се грее, ама македончето нема кеш па мора да наоѓа евтино решение. За некое време кога ќе почнат кашлици алергии цацко ќе биде крив


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Што бе нема пари... Онде погоре ми спомињаат клими од 1500-2000 еура па нагоре... Некој спомна 2500 еура ЗА КЛИМА БЕ!! За 32 квадрати, ќе тури и парно и обична клима за у лето да му разлади... И у грчка 7 дена ќе истера летово...
« Последно менување: 29 Мај 2017, 22:13:52 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Не разбирам зашто не клима ако е 300% ефикасна до -20(или инвертер или што и да е)...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Затоа што не е 300%.... На 0 степени и нај добриот инвертор е 1:1 искористливост, т.е. за 1 киловат струја, добиваш 1 киловат топлина, односно исто како парно... На -10 односот е веќе помал... На -20 да не зборам. Ни сами не сте свесни колку климата (ок, некој ќе рече не клима туку е инвертор) троши струја за себеси да се одмрзне и загрее на минусни температури. Клима е за ДОГРЕВАЊЕ, во преодните периоди од по неколку недели есен и пролет, а не за основно греење во зимо. Плус, после 3-4 години, кога компресорот ќе подослаби, више не е со тој капацитет како кога била нова... И како проаѓаат годините, се послаба е... Да, ќе каже некој дека му работи климата без проблем, поише од 10 години... Ок, работи, ама како и колку... Сите застави што се возат, ете, возат по 20-30 години, ама скоро сите се дроп.. Трошат уље, чурат и многу гориво лапаат, контра од тоа кога биле нови... Имам и јас клима постара од мене, а ја имам 40 години... ;) и сеуште работи.. 5,5-ка е, ама капацитет има колку за 2-ка ебаго...

На -20 климата (инверторот) во нај добар коефициент има однос 1:0,3 односно неверојатно ниски бројки од околу 30-тина проценти искористливост... Тоа е гачката што повеќето "експерти" за клими не ја знаат и не ја контаат... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Кано, колку зими има во Македонија со по -20, осим оваа последнава што беше една у 10 години ?

Во што да се греам на стан ? Да зеам токмакот и да го раскопам цел ? Да земам да ставам котли, мотли, цефки да бушам итн.

Идам купуем инвертер го ставам на 27 степени од Ноември до Март и си свиркам со ефтина сметка за струја.

Ако ми е ладно купуем уште еден од 2.5 KW и дома ми е ко Септември у Аспровалта.

Све океј што збориш ти ама у куќа, коа ја праиш од почеток.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
За да ставиш парно на готово живеалиште, немора со токмак да искршиш се... Всушност, дупчињата низ зидови што се бушат за цевки за парно, се помали и помалку време (и пари) за санација ќе ти земе одошто дупкиштето за климата, при што и фасада се оштетува. Патем речено, има убава бројка од членови на форумов, што може да ти ја доловат сликата за поставено радијаторско греење, во живеалиште во кое се живее веќе... ;) доколку читаат, и се вољни, нека пишат... ;) јас несмеам да ги птозивам, затоа што постои закон во РМ, за заштита на лични податоци, кој јас СТРОГО го почитувам...

Во македонија зими со -20 има редовно, секоја година. Во скопје нема секоја година... Една на 10-15 години е толку ладна, начелно се движи околу -10 во скопје, во ноќните часови. А и на -10, односот на климата наспроти потрошен еден киловат е помалку од еден топлински киловат.... Веќе го имам ова објаснувано на форумов, во истава тема неколку пати. Рурав и графикони, и текстови и појаснувања, побарај наназад миз темава и ќе најдеш. Не ми се оишува пак... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Личен податок е збирка на податоци ( Име, презиме, живеалиште, дата на раѓање итн.) ако одиме според законот име и презиме не е личен податок :)

Дали тоа е поефтино од инвертер и дали е штедливо како инвертер, тоа е прашањето.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Хотвиз, кога би имал примања доволно големи за да не се грижиш за сметки на што би се греел?


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Личен податок е збирка на податоци ( Име, презиме, живеалиште, дата на раѓање итн.) ако одиме според законот име и презиме не е личен податок :)

Дали тоа е поефтино од инвертер и дали е штедливо како инвертер, тоа е прашањето.

Личен податок е и да јавно пренесеш, во своите приватни простории што апаратура, техника и останато има лицето. Не е само име и матичен број и адреса. Читни го и тој закон, увери се..... ;)

Соодветно на тој закон, јас кривично ќе одговарам, ако со име и презиме посочам кој од тука члрновите сум му местел парно со надворешна инсталација, затоа што ќе се знае дека ПРВО, има парно, а второ надворешни цевки, ТРЕТО, повеќето се со КАНО систем, но има и со котли на дрва, на пелети па и класични ел.котли, значи и тоа ќе го издадам... Законот е јасен, а и пред да го донесат, јас го имав ова како правило. Архивата на податоци од мои клиенти е на електрондки уред кој што не е поврзан на интернет, за да неможе да ми го хакнат. До таму имам отидено со сериозноста за чување податоци.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Хотвиз, кога би имал примања доволно големи за да не се грижиш за сметки на што би се греел?


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

На топлотна пумпа ако живеам во куќа а ако живеам во стан на градско парно.
Во моментов нема опција во Чаир за парно градско па користам 2 инвертера, сметка за струја смешна.

Личен податок е збирка на податоци ( Име, презиме, живеалиште, дата на раѓање итн.) ако одиме според законот име и презиме не е личен податок :)

Дали тоа е поефтино од инвертер и дали е штедливо како инвертер, тоа е прашањето.

Личен податок е и да јавно пренесеш, во своите приватни простории што апаратура, техника и останато има лицето. Не е само име и матичен број и адреса. Читни го и тој закон, увери се..... ;)

'Личен податок'' е секоја информација која се однесува на идентификувано
физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое
може да се идентификува е лице чиј идентитет може д
а се утврди директно или  индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа
на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки,
ментален, економски, културен или социјален идентитет;

Збориме за закон според ДЗЛП, а не дали има дома Тошиба или Пумпа од 10 бари :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Го едиторав постот,  прочитај го пак, т.е. дочитај го... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
По едноставно е да го енкриптираш цел хард диск отколку да живее компјутерот како амиш. :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.