Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436924 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1380 на: 22 Јануари 2016, 11:03:22 am »
Просечна веројатно мери Ван, а минимална моментална е 900.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1381 на: 22 Јануари 2016, 11:34:41 am »
минимум 900 пишува овде?

Тоа е „Range of performance“ за оддадена топлина, а не за потрошувачка на струја.
Потрошувачката на струја кога работи компресорот се движи од 0.4-1.4 KW, а моменталната е онаа која Ван ја наведе.

Да споделам и јас мои искуства.
Клима Хитачи 14, номиналната потрошувачка на струја се движи од 500-900 W (вршно до 1.4 за брзо да ја постигне температурата на старт, 1KW при многу ладно време под -10°С).
Грее просторија од ~25м2 во стан со Саламандер дограма и добра изолација на 24°С и за оваа грејна сезона до денешен ден има потрошено 340 KWh или околу 2000 ден.

Некој спомна пелети - ДА СЕ МО*АМ ВО НИВ !!!
Само за бензин да ги купам и донесам дома ке потрошев пола од тоа, додатното малтретирање е Free of Charge.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1382 на: 22 Јануари 2016, 12:05:33 pm »
минимум 900 пишува овде?

Range of performance (heating)    kW    heizen        0,90 - 5,60

Kakо што кажа и Зоки, се работи за распонот на испорачана топлинска енергија при греење, во киловати. На пример ако е мала разликата меѓу зададена темп. и измерена темп. - тогаш ќе се испорача онолку топлина колку што економично е потребно за да се одржува зададената темп. Минимумот e 0.9 киловати, ваљда пошто помалку од тоа веќе ќе се чуствува како ладно дување (дури и на најмала брзина на дување).
Инаку најмала потрошувачка што сум ја видел до сега е некои ~200 и ситно, вати. Тоа е кога долго време нема излагање/влагање, отварање прозори, итн...


Тоа максималното 5.6 киловати испорачана топлина е можно само при идеални услови надвор.
И ако сум ненормален, па сум наместил масимална зададена внатрешна температура.  ;D

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1383 на: 22 Јануари 2016, 13:01:57 pm »
@Van
Мој близок роднина вчера монтираше Fujitsy 12 LUCA (хипер инвертер од највисоката класа грее од -20°С, на -10°С ја дава номиналната моќност од 4 KW)
Од првични информации: многу тивка и мирна во работа и грее многу брзо.
За некој ден одам да ја видам па споделувам впечатоци и заклучоци од лице место. Ке го носам и Energy Loger-ot да видам и колку влечи во реално време.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1384 на: 22 Јануари 2016, 13:16:02 pm »

Добра клима. Твојов роднина се спремил за глобално заладување...  ;D
Патем, кај мене Тошибата е во дневната соба, ~35м2.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1385 на: 22 Јануари 2016, 14:31:45 pm »
Малку повеќе од добра, се надевам многу добра :)
Монтирана е во Битола, каде често пати знае за „локално заладување“.

бтњ, и кај мене климата е во дневната, само е помала :(
Во детската е малата Fujitsy, која среќно преде 16-17 години.
Би сакал да ја пензиониран со нова Fujitsy, си заштеди и си заслужи низ годиниве верна работа.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #1386 на: 22 Јануари 2016, 18:20:14 pm »
Ај ве молам за брз одговор за панелка ми треба за догревање за во спална. Цена до 100еур по можност да ја има во нептин техномаркет или сет т.е. да одам веднаш да си ја купам.
Кога сме кај климите да ве прашам, гледам многу сте упатени, се зебав ли јас што го земав топ моделот на тошиба? Гледам за по ниска цена има клими што трошат исто колку неа?
Можеби ќе беше по паметно да земам 2 тошиби, гри, кериер и слични од пониска класа...

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1387 на: 22 Јануари 2016, 19:01:34 pm »
За греен панел избери нешто од АЕГ,
во тој ценовен ранг за 20-25м2 види ги овие:
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=8  / до 20м2
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=9  / до 25м2

хм, по однос на второто прашање јас и Ван мислам дека сме на спротивни страни :)

Сепак прати кој модел си го зел и по која цена, па ке ти дадам мое мислење.

« Последно менување: 22 Јануари 2016, 19:07:33 pm ZokiPet »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1388 на: 22 Јануари 2016, 19:18:05 pm »
Ако си будала купи панелка, купи си добар уљен радиатор на кој имаш три опции - максимално греење со снага од 2 kw, пола од 1kw, греење со дување од 1.6kw и само топло дување 0.6kw. Башка што е дупло поефтин од панелката, многу подобро грее и поефтино.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1389 на: 22 Јануари 2016, 19:21:52 pm »
AEG нема во Велес, ќе видам утре низ по малите продавнички, ако не следната недела од Ск ќе купам.
Климата е Super Daiseikai 6.5 RAS-16N3AVP-E. Ја купив затоа што според коментари најмалку троши и е мејд ин јапан, а на оваа тајланд пишува...

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1390 на: 23 Јануари 2016, 00:46:50 am »
Некој спомна пелети - ДА СЕ МО*АМ ВО НИВ !!!
Само за бензин да ги купам и донесам дома ке потрошев пола од тоа, додатното малтретирање е Free of Charge.
Јас спомнав, но сепак се работи за 800 m^2 простор во зона со дупло поскапа струја.


Марјан и новите од Thermor (со дигитален термостат) се супер. Во споредба со старатe далеку повќе топлат(имам и од двете, по 2.5 kw секоја). Инаку со таков панел 2.5 kw еве веќе 3 години без проблем затоплувам просторија од 25 m^2.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1391 на: 23 Јануари 2016, 00:59:13 am »
Климата е ок, горната класа на Тошиба, со висока ефективност и одлични карактеристики. Над неа има уште ден модел, хиперинверторот на Тошиба Даисеикаи 8 со уште подобри карактеристики.
Пониската класа е Сузуми и основната Авант, но заради повисокиот СОР и вкупна ефективност, разликата во цена од поефтините модели на старт заради помалата потрошувачка ќе се „стопи“ за 5-10 години, а тоа е краток период на експлоатација.
Не заборавај, сиромавиот 2 пати плаќа, а ти таа грешка си ја избегнал.

Незнам колкава просторија грееш, но за твојот ( RAS-B16N3KVP16) модел ако е 30-40 м2 во средно добро изолиран објект тогаш изборот е супер. Уште ако си ја платил по цена до 1.500-1.600 еур тогаш е одлична зделка.
Инвестицијата во клима е за долги години, и ако верно те служи (а ќе те служи) таа самата ќе си се отплати преку сметките за струја. Да не заборавиме на тивката работа, брзото загревање, стабилно одржување на зададената температура и паметната логика која ги минимизира дефрост циклусите и додатно ке ти го зголеми комфорот при греење, а ќе ја намали сметката за струја.

Си згрешил ако: грееш просторија помала од 30м2 или си ја платил прескапо.

Да си ја служиш и да те топли (и лади) долги години, а тоа што e Made in Taјland воопшто нека не те замара, нема разлика барем приметна ниту во квалитетот ниту во работата.
Мојата е Хитачи (маде ин Јапан), кај татко ми и кај мене во канцеларија е скоро истиот модел и моќност (Маде ин Кина) и не приметив никаква разлика освен што кај мене има Титаниум филтер, а поскапа беше за 200+ еур.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1392 на: 23 Јануари 2016, 01:09:21 am »
Некој спомна пелети - ДА СЕ МО*АМ ВО НИВ !!!
Само за бензин да ги купам и донесам дома ке потрошев пола од тоа, додатното малтретирање е Free of Charge.
Јас спомнав, но сепак се работи за 800 m^2 простор во зона со дупло поскапа струја.
Уф, извини, тој „незначаен дел“ со 800м2 и индустриска струја ми промакнал. Во твојот случај е магаре или змија :)

Сепак, пелетите се ок само и само заради автоматското дозирање и кој не може рачно да ложи може да се изложи на луксузот да се грее на пелети, но само е припремен на заглавувањата во механизмот за довод на пелети, нивната нестандарна димензија и потпросечни калорични вредности, а височка цена.

При моменталните пазарни цени, пелетите доаѓаат и до 75% поскапи од дрво, а се изедначуваат со цената на гасот кој е според мене подобар енергенс.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1393 на: 23 Јануари 2016, 01:16:41 am »
Ако си будала купи панелка, купи си добар уљен радиатор на кој имаш три опции - максимално греење со снага од 2 kw, пола од 1kw, греење со дување од 1.6kw и само топло дување 0.6kw. Башка што е дупло поефтин од панелката, многу подобро грее и поефтино.
Од друга страна маслениот радијатор е три пати поширок, четири пати потежок, незнам зошти би греел подобро (можеби ако мислиш на дувањето) и никако не разбирам зошто поефтино.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #1394 на: 23 Јануари 2016, 07:21:46 am »
Греам околу 50м2 т.е. секаде е се отворени сите врати освен претсобјето и вцто. Ако многу ми студи ја затворам едната врата и тогаш се околу 35м2. Станот е со пвц 5комори стакло со гас, 4 сезони во многу ладна зграда без можност некогаш да и се стави фасада. Панелот ми треба за догревање пред спиење, да го пуштам 1ч пред легнување во спална и да ми биде таман.