Онак , кажи ми колку ќе кошта да го сменам моево електрично котле за парно Коларов 18кв за соодветно греење на стан приземје 77 м2. Имам алуминиумски радијатори 2-3 години користени. Значи комплет сосе термостати и што има пропратни други работи ако треба. И друго да прашам дали навистина електролитот ги нагризува радијаторите и за 5 години употреба може да се дупнат
Некои гласини што сум чул.
тоа за дека ќе ги дупне за 3 до 5 години, јас го напишав на мојот сајт, ама за руските подморници... тие користат сода бикарбона и да, ке ги дупнат радијаторите. само народ поистоветува се, па така и кано системот и руските (српски) сонди им е се едно те исто, па се е тоа елкетролитно и електролитот дупи радијаотри...
кано системот користи софистициран елкетролит кој не е баш од една состојка, туку е релативно по комплексен, и наспроти руските подморници, овој електролит дополнително ги заштитува радијаторите и им го продолжува рокот на траење, така што тој на се што допира, поставува еден емулгационен слој.. значи радијаотри, цевки, вентили, буквално се. со тој слој, го намалува директниот контакт на водата (во случајов дестилирана-дејонизирана) со металите, па така векот им е продолжен, затоа што распаѓањето на истите тие материјали е успорен до 50%...
замена на постоечкиот котел што го имаш, соодветно ке биде со систем со 2 сонди, односно со максимална снага на повлекување на струја односно/воедно и инсталирана моќност ќе биде 8 киловати, наспроти 18-те што ги имаш сега, и гарантирам дека ќе го постигне потполно истиот топлински ефект, температура и загревање, што и сега го имаш со тој котел, само, нели, со драстично помалку потрошени киловати (елкетрични) тајната е во елиминирањето на загубите и секако малку инжинерски зафати, пресметки и на крајот хемијата, го завршува целиот циклус во кој е пресметано полето на работа... начелно потрошувачката на овој систем се движи помеѓу 3,5 и 5,5 киловати (електрични) за еден раб. саат. во 12 саати греење, на добра изолација може да се соберат околу 8-9 работни саати, или за 16 саати греење се собираат околу 12 раб. саати. ти имаш скоро 80 квадрати, така да, кај тебе просекот би се движел околу 4 киловати на раб. саат. доколку сте слаби со изолација тој просек расне.
регуларна цена на КАНО2 систем е 1360 европски. во таа цена следи пумпа, експанзија, термостати, приклучување т.е. адаптација за приклучување, спојници, колку што е потребно електролит, перење и празнење на постоечката инсталација итн итн... имам уште да набројувам, ама начелно муабетот е клуч на рака, односно тоа е крајна цена за целосна монтажа...
е сега, за клабери, има попуст, се разбира, а и од твојот котел ако се искористуваат пумпата и експанзијата, исто така ќе падне цената... на сето ова, има + уште нешто ситно за патни трошоци, ако е надвор од скопје...
Како што пишав и во еко куќи планирам од пролетва да почнам да градам куќа. Ќе се гради од Итонг + 10ка стиропор + тројно стакло за најдобра изолација. Површина до 150м2 од кои 30 гаража, на еден спрат. Активно би се грееле околу 100м2. Е сега морам да одучам на што би се греел. Моментално во станот 56м2 се греам на клима и сум презадоволен од тоа колку ми е топло, а и сметките се многу ниски (декември 4900ден за сите потрошувачи), климата е пуштена на старт на грејна сезона и не планирам да ја гасам до април. Прашањето ми е, што да одберам за во куќата.
- да си ја земам оваа клима + да купам уште една иста - со околу 1700 - 1800еур би поминал
- парно на пелети - околу 3500еур
- парно на дрва - не знам цена
- системот на Онак - не знан цена + очекувам Онак да ми каже колку плаќаат неговиве клиенти со слична квадратура како мојата.
- топлинска пумпа тошиба - ќе одам до енергија за да се информирам следната недела (околу 5-6000еур)
Да напоменам дека ќе ѕидам и камин на дрва, повеќе за уживање отколку за греење, ќе се користи неколку пати во месецот.
Онак, Сале и други информирани помагајте.
за 100 квадрати ти си исто така за систем КАНО2. и податоците од погоре важат и за тебе, со тоа што твојот просек би се движел помеѓу 4,5 и 5 киловати на еден раб. саат... доколку ми пуштиш на меил проект од куќата, ќе ти дадам и детална пресметка со се понуда за целосна изведба на инсталација, со цевки во кошулица, и кано системот. она што можам да го гарантирам за куќи во изградба е дека се ке се сработи во само 2 дена. првиот е поставување на цевна инсталација, орманче со разводник и се што е потребно, а вториот ден радијаотри, вентили, системот кано и на крај си одиме одкако ќе загрее целеосно парното, и секако одкако јас ке го наштеловам како треба за твојот објект...
Се е супер кажано во постов од Сале. Добро би било да седниш некој ден со Онак да направиш муабет и да ти кажи што како можи да ти понуди и разно-разни пресметки. Ако не се лажам членот Аууу работеше со топлински пумпи па можиш и со него да направиш муабет. Сепак на струја греењето е најдобро, а според сметките што ги кажа Луки не е многу поскапо отколку на дрва. Греењето со дрва бара многу внимание и секојдневна фискултура (ако имаш некој постар човек во домот да ти одржува тогаш нема да видиш мака), за разлика од греењето со струја каде си имаш термостат и го подесуваш кога сакаш и колку сакаш.
јас и сале и поише од еднаш имаме седнато и разговарано на оваа тематика. човекот ИМА дома во куќата парно греење, само како што увидов до сега, го користи само во “ѕивра“ периодот кој е (во скопје) едвај 10-15 дена во текот на цело зимо...
секој со своите потреби и сваќања... значи, пред се потребите се на прво место... она што ти треба и по замисла она што можеби ќе ти треба во иднина, го сумираш на едно место и бараш такво и такво греење...
според мене, греење со клима, не е баш соодветно греење. како што и некој поназад напиша, дување, циркулација на воздух, крената прашина итн итн... другите нема да ги коментирам, но ке потврдам дека имам референтна листа на клиенти кои ги изгасија за вечни векови котлите и печките на пелети... и тие на дрва исто така...
ако приметувате, последниве 3-4 години струјата стои, со незначително (пре)ситни смешни корекции и нагоре и надоле,а дрвата пак, идат нагоре од година во година... за следното зимо се спомиња цена од 5.000+ денари за кубик (регуларна, легална цена)... немој сега да ми кажувате дека некаде низ мк или скопска околија “им ги донеле“ за 2-3.000 денари... знам дека има, ама тие се нелегални, т.е. крадени дрва... и на тоа за брзо време ќе му дојде крајот, исто како и на лисичаниве што горат во котлите се освен дрва... поентатами е дека дрвата поскапуваат, и ќе поскапуваат... се шушка и за можна опција акциза да им лупнат, затоа што се сериозно голем загадувач. значи тој енергенс иде нагоре со цената, истото ги чека и котлите на пелети, т.е. нивниот енергенс. економски нема да биде исплатливо да се користи тоа како загревател.. ке стане драстично по скапо одошто е сега...
Не се брзај зимава е до 21 март
извини за каснење... али морам да те попраам... календарски е до 21-ви март... а не ретко трае и поише...

мала шала.