Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436745 пати)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1335 на: 16 Јануари 2016, 01:24:03 am »
Сакаш да кажиш дека целокупната сметка за струја ти е само 5000 денари? Со бојлери, шпорети, замрзнувач и сл? Или само за парното си имаш поставено мерач за да знаеш колку ти троши?

Како и да е, сепак ептен си раат и убаво затоплен со парново, па дека на дугме уште подобро. Дрвата гараметни се во секој можен поглед.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг:
« Одговори #1336 на: 16 Јануари 2016, 01:25:20 am »
И ти стави изолација и прозори толку ќе ти биде.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1337 на: 16 Јануари 2016, 08:00:26 am »
Сакаш да кажиш дека целокупната сметка за струја ти е само 5000 денари? Со бојлери, шпорети, замрзнувач и сл? Или само за парното си имаш поставено мерач за да знаеш колку ти троши?

Како и да е, сепак ептен си раат и убаво затоплен со парново, па дека на дугме уште подобро. Дрвата гараметни се во секој можен поглед.

Целата сметка за струја е толку.  :)
Сега се мислам дали да местам и соларен систем за греење вода. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1338 на: 16 Јануари 2016, 09:31:22 am »
Па нормално дека ке наместиш :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1339 на: 17 Јануари 2016, 01:05:43 am »
Летото (Септември) заради кризава со дрва и сплет на околности одлучив да наместам парно дома. Се работи за КАНО систем со две сонди проектирано и монитрано од Онак.

Малку инфо за куќата. Куќата е на два спрата, од кои активно се загрева само долниот спрат. Тоа му доаѓа цел долен спрат, околу 50 квадрати (соба со телевизор, дневна, спална, купатило). Горе исто има 3 спални + трпезарија со кујна. Целата куќа е околу 120-130 квадрата (2та спрата). Горниот кога јас, или брат ми ќе бидеме во Македонија. Изолација има, надворешна 5 или 7.5 цм стиропор + лепак + абриб. Внатре, долниот спрат е ламперија. Горниот спрат има тервол врз таванот. Прозорците се сите со двојно стакло. Ролетни насекаде.

Онак дојде, измери, купи се што требаше за инсталација и немаше потреба да доаѓам во Македонија. Дојде со тимот, тогаш го запознав и мајстор Боро. За еден ден избушија, монтираа, сврзаа, наместија, и тестираа дали работи. Си исчистија се што растурија, избушија. Услугата ептен професионална, рамо до рамо со европски мајстори. Нормално, пречекани како што треба, домаќински. Се помина низ муабет, зафрканции, па дури и јас чепнав нешто од ќеф да фатам додека се мести парното. Јебига таков сум...

Распоредот на радијатори е следен:
На долниот спрат еден радијатор од два метра во дневната, еден метар во собата со телевизорот, регистар во купатило (со термо вентил). Горе, трпезарија + кујна метар и 60 цм, трите спални со радијатор од еден метар (со термо вентили).

Режим на работа: 23 степени греење, 15 степени мирување.
Една сонда од 4 KW работи нон стоп, другата сонда 4 KW ќе се уклучува повремено (кога јас или брат ми ќе сме во МК). Има термостат со програмирање за секој ден во неделата, и работи по следниот начин.
Пон-Петок: Наутро од 4:00-7:00 часот и попладне 16:00-22:00 часот активно греење. Остатокот од времето, пасивно.
Саб-Недела: 5:00-22:00 активно греење. Ако излегуваат моите некаде треба да го ставаат на стендбај (дали го прават, не знам).

Парното е наместено на 3ти октомври мислам (или 1ви беше), активно се користи од Ноември.

Сметка за Ноември: 3 000 денари.
Сметка за Декември: 5 000 денари.

Ако продолжи со ова темпо и грејната сезона трае до Април, греењето оваа година ќе ме чини околу 30 000 денари.

Ако купував дрва, ќе купев околу 10 кубици со тие пари. Никогаш немаше да биде топло како што е сега, ниту пак ќе беше полесно.

Се на се, јас презадоволен. Моите презадоволни. Од монтажа, услуга, муабет, мајсторот, и сметките. Требало порано да наместам откога го видовме раатот дома, ама ете, така се наредија коцките и баш ми е мило што така испадна. 

Најдоброто од целата приказна е, ако теоретски еден ден, македонија се гасифицира, а Онак мести такви на плин, едноставно системот за пренесување топлина го имам, ќе се модифицира да работи на природен гас.

Дали би наместил клими? Не. Дали би наместил на котел и дрва/пелети? Не. Дали би наместил котел + струја? Не.


Ова ви го зборува човек кој има одено по планини, бутано трупци, сечено буки и дабишта, товарано камиони и приколици со дрва, редено трупци, сечено, цепено, редено неброени кубици.

А да не зборувам за ризикување на животот по планините.
 

Толку од мене. Вака ептен лаички.  :)



можда ќе останевме и покасно, ако претходно не се налапавме домашно зготвени ствари... мислам, свака час, не врати на нозе, и затоа и завршивме толку “рано“ со се... инаку, после се влечкаш и ќе подзаглавевме... :)

во секој случај, да си го кажам и јас своето... малку замрсена инсталација, ама битно го скоцкавме.

фала на убавите зборови.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг:
« Одговори #1340 на: 17 Јануари 2016, 03:11:47 am »
Онак , кажи ми колку ќе кошта да го сменам моево електрично котле за парно Коларов 18кв за соодветно греење на стан приземје 77 м2. Имам алуминиумски радијатори 2-3 години користени. Значи комплет сосе термостати и што има пропратни други работи ако треба.  И друго да прашам дали навистина електролитот ги нагризува радијаторите  и за 5 години употреба може да се дупнат ??? Некои гласини што сум чул.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1341 на: 17 Јануари 2016, 10:02:39 am »
Море не само што ке ти ги нагризе, него и дупка во плочата ке направи. А ако не реагираш на време и зградата може да се запали...
Подалеку од такви работи :D :D :D

p.s. Се зезам...
www.kano.com.mk
Прочитај и едуцирај се...
А Алек ке ти објасни детално се околу тоа.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1342 на: 17 Јануари 2016, 12:04:10 pm »
Како што пишав и во еко куќи планирам од пролетва да почнам да градам куќа. Ќе се гради од Итонг + 10ка стиропор + тројно стакло за најдобра изолација. Површина до 150м2 од кои 30 гаража, на еден спрат. Активно би се грееле околу 100м2. Е сега морам да одучам на што би се греел. Моментално во станот 56м2 се греам на клима и сум презадоволен од тоа колку ми е топло, а и сметките се многу ниски (декември 4900ден за сите потрошувачи), климата е пуштена на старт на грејна сезона и не планирам да ја гасам до април. Прашањето ми е, што да одберам за во куќата.
- да си ја земам оваа клима + да купам уште една иста - со околу 1700 - 1800еур би поминал
- парно на пелети - околу 3500еур
- парно на дрва - не знам цена
- системот на Онак - не знан цена + очекувам Онак да ми каже колку плаќаат неговиве клиенти со слична квадратура како мојата.
- топлинска пумпа тошиба - ќе одам до енергија за да се информирам следната недела (околу 5-6000еур)
Да напоменам дека ќе ѕидам и камин на дрва, повеќе за уживање отколку за греење, ќе се користи неколку пати во месецот.

Онак, Сале и други информирани помагајте.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8387
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1343 на: 17 Јануари 2016, 13:06:40 pm »
Луки, сметките за струја ќе ти бидат под 30,000 денари, греењето ќе те фати под 30,000 денари  ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1344 на: 17 Јануари 2016, 15:50:33 pm »
@MAPJAH

Имаш одлична замисла. Поготово со тоа што планираш да правиш со YTONG блокови. Мене ми е криво што не бев во можност спратот да го изѕидам со нив. Ј-би га, такво време беше тогаш.
Изолацијата обавезно, а и покрај тројоното стакло би ти препорачал да си планираш и ролетни. Обавезно.

Греење.
Незнам дали имаш дете/ца, како год, малку е незгодно ради нив да дува климата пособно кога се мали. Многу ке речат дека нема врска се од кажаното, но јас мислам дека има...Како год кога ке подпораснат, муабетот е друг.
Инаку спиење со клима е невозможно, барем по мене.
Кај мене дува постојано но се додека да легнам. Штом легнам климата ја ставам на минимум да не се вклучува преку ноќ и да не ме ремети. Прво со циркулација на воздухот кој кога ке струи и покрај тоа што е топол, ке имаш чувство дека те лади а не дека те грее. А второ се слуша дување, бучење...

Парно е вистинската работа. И тоа на струја :)
Скапо е, точно, но е незаменливо. Освен ако немаш некој чкартни радијатори, инсталација и слично па да ти шушти и клокоти.
Системот на Онак до сега сите што го имаат го фалат. Тој е наменет само за греење во комбинација со класични радијатори.

Друга варијанта ти е класични радијатори и топлински иизменувач, пумпа, практично чилер. Оваков тип на греење секогаш треба да оди во комбинација со електрично котле. При пониски температури топлинската пумпа нема да има доволно моќност да ја загрее водата на 40+ степени во радијаторите за да те топли, па тука стапува и електричното котле кое ја догрева водата до 60 степени, практично за да можеш да се загрееш. Ова е најчесто на температури под -5 степени.
Е сега ако користиш топлотна пумпа, греота е да ја користиш само за греење. Односно ке треба да си ставиш фенкојлери. Прикаската со фенкојлерите е тоа што се дополнителен трошок во целата инвестиција, а и треба да внимаваш каков ке купиш. Работат на принцип како клима. Со тоа што се монтирани доле. И најбитниот момент со буката предизвикана од вентилаторите!!!
Ствараат помала циркулација споредена со класична клима во поглед на воздухот, буката на квалитетните е сведена на минимум но постои, и добро е што ги користиш и во лето и во зима.
Но во тој случај ако чилерот го користиш и во лето и во зима, рачунај дека нема да имаш разлика во сметката за струја :)

Мулти сплит систем - односно една надворешна и повеќе внатрешни единици од клима.
Истиот ситем го имам на работа и со него грееме стан од 83 квадрати. Единствено е ладно во купатилото, пошто нема што да го топли.
Цената не е ефтина, но е практично за да не редиш еден куп надворешни единици и да ја грубиш куќата.

Котел на пелети.
Информации од пријатели - Кажуваат дека за да се згрееш саглам, практично ке потрошиш исто како да се грееш на струја. + имаш разноразни производители на пелети, различна цена, различни калории. Имаш купување, редење, секој ден или секој втор дополнување на резервоарот, чистење на пепел итн итн. Ако се подеси да работи на еден тип пелети, на следните може да треба преподесување...

Котел на дрва - можеби најекономично греење, но: Имаш купување, стругање, цепење, редење, сушење. Секојдневно палење, чистење, распалување, одржување. Во поладните месеци ке ти идат дрва, па ке мораш да купиш и ќумур. Заради калоричност и заради тоа што ке ти треба топлина...
Ако не си дома два три дена, куќата ке се олади. За да згрееш пак јово на ново. Нормално освен ако немаш некој по дома (татко, мајка, баба, дедо) да го одржуваат оганот колку толку.
Сабајлечки мораш да станеш да заложиш, очистиш...
Се ова кога ке го ставиш на кантар, искрено ке се замислиш дали некогаш ке сакаш да се грееш на дрва.

Каминче во дневна, ОК, не е проблем, како дополнување ако решиш да се грееш на клима или фенкојлери како на пример :)

Има многу комбинации, многу варијанти.
Мораш да се одлучиш што конкретно сакаш.
Се си има предности и маани.
Горе доле мислам дека ти ги набројав сите.
Па можеш полека да размислуваш на таа тема...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1345 на: 17 Јануари 2016, 16:06:20 pm »
Се е супер кажано во постов од Сале. Добро би било да седниш некој ден со Онак да направиш муабет и да ти кажи што како можи да ти понуди и разно-разни пресметки. Ако не се лажам членот Аууу работеше со топлински пумпи па можиш и со него да направиш муабет. Сепак на струја греењето е најдобро, а според сметките што ги кажа Луки не е многу поскапо отколку на дрва. Греењето со дрва бара многу внимание и секојдневна фискултура (ако имаш некој постар човек во домот да ти одржува тогаш нема да видиш мака), за разлика од греењето со струја каде си имаш термостат и го подесуваш кога сакаш и колку сакаш.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1346 на: 17 Јануари 2016, 16:27:02 pm »
Благодарам Сале знам дека имаш разбирање па затоа многу ми значи твоето мислење
Сега чекаме бебе, и ако ја направам до нова година ќе ми требаат пари за мебел, а и секако сакам да отстои куќата една година да не се вселувам веднаш.

Климата кај мене не е бучна, компресорот дури и не се слуша дека работи, затоа и ја ставив како опција за греење во куќа.
На пелети знам дека е скапо околу 10 000ден со штедење ќе дојде.
Од класично парно на струја никој не се пофалил за потрошувачката до сега.
Кога се работи за дрва сакам во прв слободен момент да отидам до шумското и да прашам дали ако си насадам пауловнија за лично користење ќе можам да си берам дрва и да ги користам за огрев, постигнуваат максимум за 8 години, а растат и до 8 генерации од ист корен, така да ќе си ја решам таа работа за навек.
Ме интересира што ќе каже Онак за неговиов систем, поткрепено со искуства од клиентите, т.е. сметки кој колку латил за одредена квадратура.
Во градбата ќе ставам и инсталација за гас па ако некогаш се гасифицираме само ќе се приклучам и ќе се греам ефтино.

Мулти сплит систем ми изгледа како најдобра опција, доколку има некој на тошиба за разумна цена јас би го инсталирал, затоа што знам дека во понатамошното користење нема да ме чини многу.

Не знам дали има некој систем поврзан со сончева енергија затоа што куќата ќе биде на повисоко место изложено постојано на сонце.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1347 на: 17 Јануари 2016, 17:00:58 pm »

Во врска со греењето на дрва, јас би додал една опција која ретко се користи и за која ретко се зборува - циркулирање на топлиот воздух низ куќата. Слично е на мулти сплит климите, од каминот/печката преку тумбуси со тивки вентилатори се пренесува во другите соби.

 


За вакво нешто размислував, ама треба значајни преправки (отварање дупки за тумбусите). Најдобро е ако се испланира во самата изградба. Како што ми се покажаа климиве, не ми требаат додатни големи инвестиции во греење - сега само за кеиф еден камин (и за бекап).
Како и да е, еве што има на понуда овде кај нас:
http://www.kamini.com.mk/%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BBa%D1%82%D0%BE%D1%80-zapphire-510%D0%BC3/



Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг:
« Одговори #1348 на: 17 Јануари 2016, 17:15:21 pm »
Убави совети разглеав сеа уште онак да каже колку би коштало ова кај мене ,? Да го испланирам за крај на ова грејна сезона или за нареднава

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8387
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1349 на: 17 Јануари 2016, 17:15:49 pm »
Марјан, топлинска пумпа под 4000 евра нема да инсталираш. Пелетите да, со штедење толку ќа чини. Пријател го напнал котелот на пелети при прво користење и отишле 3 вреќи за 24 часа.

Невселување одма по градба е многу паметна работа за кој има каде да седи додека се всели.
За цигла и стандардна мачканица се препорачува првата година да стои немалтарена однадвор, па да се малтари па уште една година да се суши. Во спротивно ќе се јави многу влага и ќе испукаат ѕидиштата ваму таму во зависност од подлогата и колку куќата ќе мрда дур се намест или не се намести.
За ова се сложија скоро сите мајстори, не дека е мое тврдење. Мое е дека по внатрешно малтарење се вселив одма и си има напукнатини на ѕидовите кои ќе се решат со малку вар. Влага имам но немам уште надворешна изолација, ќе решавам оваа година се надевам.