И јас се сложувам со Зоки.
Користам Тошиба 4.5 кв или 16БТУ од оваа година и до сега никогаш не сум почуствувал потреба од дополнителна топлина. Климата не ни работи на максимум оптеретување, односно пуштена на 24 С на средно дување. Максималното е 30 С.
Отворени се сите врати и топлам отприлика 50 кв. Според тестирањата на -7 дава 3.36 кв или ЦОП од 2.4. На -15 дава 2.82 кв или ЦОП од 2.08. Ова се официјални резултати а не муабети од продавачи кои што ќе им кажат шефовите тоа ги лажат луѓето.
Единствена маана е што ако немаш струја и (или) се трефне цела недела -15 го јадеш затоа јас земав и мало ќумбе и на сите би им ја препорачал оваа комбинација. Дека топлината од клима неможе да се спореди со топлина од дрва или парно, неможе, али тоа само за ептен студени денови,за благо време како сега не ни имам потреба да споредувам. А сметките за струја/дрва сигурно не се исти
Со Беко инвертер од 30,000 денари 3,5-ка и на -25 немав проблеми во станот. Греевме околу 22-25 квадрата.
Компресорот беше наместен на тераса, подзакриен и ретко правеше дефрост. Сега компресорот ми е на североисток промаја и под -5* прави дефрост почесто и е проблем па догревам со тајфунче... Зборам за 40 квадрата простор.
Некако тешко веројатно ми е дека ќе имаш проблеми не на -15* туку и на -20*, секако зависи и каде ти е компресорот...
А ја работиш на 24*
И да, не е иста топлината, подобра е топлината од климата, по константна е и не замара - погодна е за уживање или мрзи, зависи кој како љуби да го искоментира
Уште се думам дали да почнам пополека да редам радијатори или да вденам 1500 евра за Тошиба...?
2:1 за парно за сега поради комбинираниот бољер, бучавата и дефростот.
Али ми се гади од помислата за дрва
Ураааа се измоливме ни обеќаа дрва... Ураааа ни донесоа дрва, Урааа ќе сечиме дрва, урааа ќе цепиме дрва, ој запали, стани мори дрва стај, стани бе стај дрва...
Ураааа сонце, ќе обелуваме дома