инаку за брзо време ке отворам продавница за котли и печки и на дрва и на пелети. ке има и бољери. па сега шетам наоколу кога имам време и собирам податоци за се што се нуди на нашиов пазар, за да можам да споредам квалитет со цена. ке идам пониско малку од големиве маркети...
Јас сум заинтересиран. Летово треба да го решам прашањето на камин (со котел).
Ти ќе увезуваш или ќе произведуваш?
Ако е второто, уште позаинтересиран сум.
...се програмира колку да пушта пелети, колку да издувува низ оџак, колку да дува топло од напред и триста глупости.
Инаку за сите што се интересираат за греење со пелети: Направете си ја математиката прво, пелетите имаат 100% шпекулантска цена (за разлика од дрвото, кое има многу поголем пазар, и повеќе продавачи). Исто така, од пелети до пелети може многу да се се разликуваат во квалитет. Потоа печките имаат сложена електроника со многу параметри, која бара стручен монтер и совесен (ќе треба да се конфигурира неколку пати за фино подесување). Тоа подесување зависи од многу фактори, најмногу од параметрите на оџакот. Ако подесувањето не е направено како што треба, или ако пелетите не ги бива... како што кажа некој погоре ќе треба секој ден да се чисти печката а тоа значи дека согорувањето не е целосно (поголем трошок) и дека и оџакот ќе се полни со саѓи (значи и тој ќе треба почесто да се чисти во сезоната). Понатаму, кога потоа се менува нов вид на пелети правилно е и одново да се подеси електрониката на печката (пошто различни пелети често сосема различно горат).
Значи не велам дека греење со дрва е подобро. Само дека е солидно поевтино... иако си бара повеќе работа од пелетите (кои не е дека не бараат личен ангажман). Но ако веќе идеме на поскапо греење, тогаш има алтернативи кои па воопшто не барат ангажман од домашните.
На крај секој си одлучува сам за себе, а јас еве да ги пренесам моите размислувања.