Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199587 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #585 на: 25 Декември 2014, 10:22:35 am »
И горе на ќошот приметив има влага... Кај мене во соба не се готви, далеку е од кујна (има аспиратор во кујна), не сушам алишта по радијатор.

Значи протекува преку кров, плоча па кај мене у соба.. да се качам горе да проверам/

Прозорите се дрвени, затоа и урлам- ќе ми скапат од водава..
« Последно менување: 25 Декември 2014, 10:25:40 am velestrumf »

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #586 на: 25 Декември 2014, 10:56:36 am »
еве кај мене,ако ги пуштам венецијанер ролетната одма фаќа кондензација на стаклото,ако ги соберам-нема кондензација.
значи не е до влагата.туку во нерамномерно распространетата температура околку прозорот кој е единствен топлотен мост.
незнам дали ако би ставил пластични ролетни од надвор,би се сменило нешто?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #587 на: 25 Декември 2014, 10:59:30 am »
Маци, кај мене се пластични ролетни од надвор, навечер се спуштени. Хммм..

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #588 на: 25 Декември 2014, 17:08:51 pm »
И горе на ќошот приметив има влага... Кај мене во соба не се готви, далеку е од кујна (има аспиратор во кујна), не сушам алишта по радијатор.

Значи протекува преку кров, плоча па кај мене у соба.. да се качам горе да проверам/

Прозорите се дрвени, затоа и урлам- ќе ми скапат од водава..
Кога ти протекува кога врне или општо? Бидејќи ако врни и тогаш се јавува влагата 100% од  е од кровот а ако константно имаш влага барај од друго место .......

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #589 на: 30 Декември 2014, 11:42:23 am »
1.влага од протекување кров или понирање на вода ,нема.
2.влага од кондензација(топло ладно) на прозорите,има.
оваа вторава или отварање прозори по често што не ми се свиѓа,само што си се стоплил треба да отвориш и џабе грееш.
или купување онакво за собирање влага.
трето незнам.

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #590 на: 30 Декември 2014, 16:34:44 pm »
Aбе има и трето... ама тешко дека ќе се решиш да го правиш сам решението (и тешко дека естетски ќе изгледа ОК). За плаќање готово такво решение, ама за така ќе ти требаат еден куп пари.
Како и да е, повели:

http://www.google.com/?gws_rd=ssl#safe=off&q=Heat+recovery+ventilation


Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #591 на: 02 Јануари 2015, 18:58:48 pm »
Ми замрзнаа цевките и во купатило немам вода :(

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #592 на: 02 Јануари 2015, 19:01:29 pm »
Греалка најјака што имаш стави, меѓувреме ако ја имаш малата над врата пуштија.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #593 на: 02 Јануари 2015, 19:05:39 pm »
пуштив кварцна греалка директива кај доводот и вентилот, и под купатилото е кујна, донесов и запалив ќумбе на дрва. ја отворив чешмата и чекам да капне. Измеѓу кујната и купатилото некаде е смрзната цевката. Во кујната тече вода.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #594 на: 02 Јануари 2015, 19:13:46 pm »
Помоли му се на господа, запали свеќа во црква да не ти е пукната цевката некаде.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #595 на: 02 Јануари 2015, 19:22:47 pm »
Помоли му се на господа, запали свеќа во црква да не ти е пукната цевката некаде.


Во очекување сум ..  инаку нема да ми текне да ги сменам со ПП цевки. Железниве се 30тина години стари.

Отсутен Soldier

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #596 на: 02 Јануари 2015, 20:32:44 pm »
Дали има некој што работи проектирање/изведба на греење климатизација,
би сакал помош околу проектирање на парно а понатака и други консултации. Па така, како што се плаќаат часови математика физика, англиски ... во превод ќе ми требаат часови од оваа тематика? 

Фала однапред, може контакт и преку приватна порака, Поздрав до сите.


Отсутен Soldier

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #598 на: 04 Јануари 2015, 01:22:38 am »
За греење за една просторија, имам пресметано топлинските загуби и ме интересира како да добијам колкав капацитет на греење ми треба?

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #599 на: 04 Јануари 2015, 09:36:43 am »
Ако правилно си ги пресметал топлинските загуби, односно си ги внел сите податоци, како што се површина на прозорите, вид на прозори, изолација на ѕид, врати, таван , под, ориентација на просторијата тогаш имаш добиено вкупна топлинска загуба за таа просторија при одредена надворешна температура (-15°С за Скопје).

За димензионирање на топлинскиот извор би земал +30% од вкупната топлинска загуба. Однодно ако си добил 2,000 W додаваш + 30% =  2,600 W топлинска моќ да се загрее просторијата. Иако ова е за -15 температура, па во поголемиот период ќе користиш само пола од капацитетот.

Вака нешто од прилика треба да ти изгледа пресметката: