Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199372 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #540 на: 28 Октомври 2014, 01:40:32 am »
ова погоре опишаното важи за обичните сплит системи... за инверторите не важи.. т.е. зборам за економијата... а за загревањето важи и за двете... турете соодветна клима по јачина за просторот и со секоја клима за 10-15 минути ке биде топло по дома...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #541 на: 28 Октомври 2014, 22:13:44 pm »
kolega zapnal da prasam dali nekoj koristel masina za briketi, se presalo hartija-karton, pilevina voda i sl, imalo nekade za mali pari se pravelo ciglu i gorele prifatlivo dolgo i dobro....pejte:-)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #542 на: 29 Октомври 2014, 19:02:19 pm »
Ај уште едно прашање, дали треба на држачите на климата да се монтират гумени држачи, за да не се пренесуват вибрации на зидот? На двете обични клими што ми се монтирани дома има гумени држачи. Некако од новиот инвертер се слушаат вибрациите во другите соби.

Инвертер климата(без гумени држачи)



Обична клима ( со гумени држачи)

>>>>><<<<<

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #543 на: 29 Октомври 2014, 19:10:23 pm »
Апсолутно. Незнам со кој памет ја ставиле без гумите, јас ставам на куќиште вентилаторчињата гумички, не па ли за клима.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #544 на: 29 Октомври 2014, 19:16:23 pm »
Сум го клецал, утре му се јавувам има со клоци да го кренам до климата, кај му платив 70 евра за монтажа ... претпоставував дека треба да има...
>>>>><<<<<

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #545 на: 29 Октомври 2014, 21:51:05 pm »
70 evra?????
Зошто бе луѓе дозволувате грабеж да ви направат???
Дека е инвертер???
Племето да им го е**м.
Нека ти ја кажат разликата во монтажата од едната и другата клима.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #546 на: 29 Октомври 2014, 22:15:28 pm »
Немаше кит за монтажа, демек бакарните цевки биле 400% поскапени за разлика од пред 3-4 години.
>>>>><<<<<

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #547 на: 30 Октомври 2014, 09:39:53 am »
40 evra e montaza
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #548 на: 30 Октомври 2014, 11:38:06 am »
40~50 евра е монтажа, + по 10 евра + за бакарните цевки.
Ако немало сет за инсталација, ОК е цената...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #550 на: 07 Ноември 2014, 10:33:21 am »
како сум се смеел на ова кога го видов пред неколку години... овој принцип не е ничива иновација, туку се користела во англија на времето во селските опкружувања, т.е. во фармите. правеле по 2-3 за да ги турат под кревет во нај ладните зимски денови, за да има некаква топлина додека се спие.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #551 на: 07 Ноември 2014, 10:47:23 am »
Една свеќа има моќност од околу 152 ватчасови со моментална потрошувачка од 33 вати. Значи околу 4 часа би горела.

Според тоа за да постигнеме 1KW колку што минимално ни треба за да призагрееме нешто ќе ни требаат околу 30 свеќи кои ќе горат тие 4 часа. За еден ден од 20 часа ќе треба 150 свеќи. И тоа е минимално за само 1KW енергија. Тоа може малку да го убие ладното, но далеку од тоа дека ќе загрее нешто како што треба. Како и да е 150 свеќи на ден по 30 дена, се 4500 свеќи во месецот. Треба да се види која е цената на свеќите за да може да се пресмета точната потрошувачка.

Тоа за една соба со 1KW. А ако сакаме да додадеме во сите соби, по 1 KW, тоа би дошло најмалку 3 пати по толку. 13500 свеќи месечно. Изводливо, да. Загреано - не. И најлошото сега... Горивни тела како свеќи трошат кислород, значи собите ќе треба да се ветреат ( и да губат енергија) редовно. На една свеќа и е потребно 1 литар воздух во минута за да мо
е да работи. 450 свеќи имаат потреба од 450 литри воздух во минута, односно околу кубик воздух за 2 минути работа, при 20% кислород во воздухот. Ако местото е со 50 квадрати со 3 метри висина, тоа се 150кубика воздух. Значи ќе треба да се проветрува на секој час воздухот за да се одржи животна средина со доволно кислород во местото. Грубо.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #552 на: 09 Ноември 2014, 11:47:04 am »
http://energetskaefikasnost.info/greene-za-10-evra-mesechno/

каква глупост е ова, мајко моја

најтрагично од се е што ќупците не служат за апсолутно ништо. Тие се тука за да изгледаат дека нешто прават.

Катастрофа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #553 на: 09 Ноември 2014, 12:00:47 pm »
Јас го имам пробано овој систем и го подзагрева воздухот во непосредна близина. Многу е важно што материјали користите за грејната површина во случајот ќерамика.

Еве пробајте сега со некое тенџерче ставете свеќи под него ќе видете како ќе се усвити. Нема да се допира.

Но како што кажа Дени, KW си е KW и џабе везат ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #554 на: 09 Ноември 2014, 12:46:52 pm »
во цела приказна за греењето... има мнооогу ставки и пресметки... една многу битна ставка е ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТОПЛИНА ВО ВОЗДУХОТ, односно топлинската измена на грејното тело... керамиката има поголема топлинска измена одошто тенџерето, зато аи ке се усвити тенџерето а керамиката не.

или... во просторија од да речеме 20 квадрати, ако ти внесеш топлинска моќ од 10 киловати, но само во една или 2 рамни и идеално мазни плочи, тие ке се усвитат скоро до точка на топење, наместо да ја ослободуваат температурата во просторот.. епилогот е повторно ладна просторија која ке има 2 плочи кои се многу топли и зрачењето до нив е убаво, но на оддалеченост од (да речеме) 50 сантими нема више никаков ефект. тие плочи само ке ја трошат таа енергија без позитивен ефект во просторијата... но ако истата топлинска енергија од 10 киловати, ја внесеш во добар топлински изменувач (кон воздух) тогаш ке имаш ситуација на загревање во воздухот и просторијата ке се  загрее за многу брзо време. или ете. може дури и вентилатори да употребиш на двете плочи. пушти вентилатори да дуваат насочени кон плочите и ке добиеш јако топлинско изменување, кое во принцип ке биде разладување на плочите но и искористување на таа енергија за загревање на водухот...

не за џабе, секој производител дава карактериситики на грејно тело... (ајде за радијатори да збориме)... сите производители даваат пресметки и воедно мерени податоци кој радијатор при која темепратура на вода даваат колкава количина на температура во воздухот. понатака нели тоа треба да се поклопи со пресметките за просториите кои побаруваат таа и таа снага за таа и таа собна температура... а пак за собите повлекува изолација, губитоци и посакувана температура...

значи редот иде вака:

-здраво, сакам парно греење... сакам 22 степени дома... во дневна и ходници опционално да иде и до 24, во спалните не повеке од 20, а во купатило до 22...
-мојот дел е да увидам која изолација ја има целиот стан или куќа, како од надвор така и од доле и горе, кои губитоци се за секоја соба посебно, заедно со кубатурата на воздухот (висина на просторот) и добивам потребна снага на грејни тела. после тоа се давам на избор кој тип сака човекот (алумински, панелни или какви и да се грејни тела) па тогаш ги одредувам димензиите за да се добие загреан простор. секако пресметковно е и со која температура ке се грее водата... 45-50-60-70 степени...

затоа, 4 свеќи може да ја загреат глинената саксија-грне или што и да е до тој степен да оно биде жешко, алил далеку од тоа дека тоа ке загрее. како што реков, тој состав од свеќи и глина имаат маана дека не ја ослободуваат температурата од себе, т.е. тешко се разладуваат... тоа би било доволно само да си ги загрееш рацете на него... толку од него...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време