и да го чистиш на секои 2-3 недели...
разликата е во капацитетот на водата во радијаторот. за сопствено парно потребно ти е да имаш радијатори кои собираат што е можно помалку вода, адекватно, да не трошиш одвише енергенс при загревање. за топлификација пак ти треба обратно, бидејки и вака и така приближно е плаќањето како паушал, ти треба што по масивен радијатор со што поголем волумен за одкако ке исклучат, да ти остане колку толку некаква енергија во радијаторите што подолго...
и уште една ситница... алуминските и панелните радијатори побрзо ја оддаваат температурата-енергијата во воздухот. за сопствено парно тоа е потребно, бидејки нема и не треба да има константа на доток на топла вода во нив. ти треба брзо загревање, постигнување на температура и гасење на котелот-изворот.