Вивакс Аеми 3.5 на мои блиски е купена од Нептун и таму е нагласено дека е со 3 години гаранција и монтажа 4600 ден за 3.5, а монтерот им оставил гаранција од 2 години и наплатил 5200 ден за монтажа.
Некој што има купено скоро време да ми каже колку е гаранцијата и дали може да наплати колку сака?
Sent from my SM-A528B using Tapatalk
За монтажата, цената што ја кажуваат е за до 3 метри должина на бакарните црева. Значи и 1 метро да е, и 2 метри да е, таа ќе биде цената. Се над 3 метри се доплаќа.
А за гаранцијата, нека се вратат назад да си прашаат повторно, особено ако била нагласена 3 годишна гаранција. И нека си прашаат со тоа годишната проверка што треба да се прави, во чив сервис да вртат за да дојдат, демек ја зачистат и забележат во сервисната книшка дека е извршен сервис за да се продолжува гаранцијата.
Барем за мојата вивакс купена од Клими.мк беше така.