Клабери,
На мисла сум што и како е попаметно...
Треба да се лади/грее дневна и трпезарија вкупно околу 35 кв. Станот е на градско парно, што во превод значи догревањето е во период пролет/есен. Ладење, како во вакви периоди бидејќи е на високо приземје.
Без мислење ќе земев Тошиба Сеја 16 бту да не беше градското парно, вака некако сум на мисла колку ќе ја искористам климата реално. Од друга страна немам баш некое искуство со другите клими, па не знам кој како бренд. Трето ако некој бренд као Вивакс, Хајсенс е поефтин за 200е, реално не вреди. Мидеа гледав дека се околу 50к што и таа цена не е баш конкурентна. Што мислите, би препорачале вие?
Четврто, што цена земаат сега фирмите за монтажа?!?