Koга даваа субвенции за клими шо убо розево беше, ги исфрлија шпоретите на струја ќе се грееле. Инвертер А+++++ и раат глата.
Идење 2022ра, Путин (а реално Бајден) враќање сатот - камено доба, екологијата на 6-ти план ставена сега.
Па сеуште е така, само инвертерите поскапеа 10-15% греење, а другите енергенси 80-120%.
Од друга страна донесоа тарифник еве нов, ќе го вратат и ддвто. Мора да се разбере дека електричната енергија е бизнис. Голем бизнис. И секое "немање" значи губење пари. Ненормално големи пари. Нешто што секоја фирма сака да го избегне и се труди да не и се случи. Тоа е муабетот.
Проблемот во електричното греење не е поврзано со инвертери воопшто, туку со котли на струја. Иако сакате се да ставате во еден кош, не се става. Од гледна точка на производител инвертерите црпат 300-600w релативно стабилно во текот на денови и месеци. Електричните котли прават енормни пикови од 24кв, 36кв за 20 минути, па 0, па пак 24кв 20 минути па пак пола саат 0. И тоа е стравотно голема разлика. Башка што во едно маало може да има 10-100 котли електрични. Се мешаат палењата и гасењата, ама 20 пати дневно ќе се упалат заедно и ќе повлечат 1000кв наеднаш, па ќе се изгасат по некое време па на 0 ќе спадне. Хаос за мрежата и производителот е тоа. Пред се затоа што електричната енергија мора да се произведе во моментот кога се бара, бидејќи нема начин да се складира.
Од друга страна еден котел од 24/36кв ја оптеретува мрежата повеќе од 200 инвертери! Не само во моќност, туку во целосно оптеретување, прекини, нестабилност и слично.
Така да субвенционирањето за инвертери и греење на инвертери е од огромна важност за стабилност на мрежата. А згора на се другите бенефити како 500% ефикасност, не загадуваат, 500% помалку цо2 итн.