Он зборуваше за воздух вода, ти зборуваш за вода вода (топлотна пумпа).
Изолација остај на страна. Ако ти требаат 7кв со ќумбе, ќе се грееш и со 7кв со топлотна пумпа... Или со плин, нафта, јаглен, со дрва, итн.
7 киловати енергија се 7 киловати енергија, сеедно од што е добиена.
едит: јас го греам станов (и тоа во куќа) од ~75м2 со две клими од по ~3.5 кв, сендвич ѕидови плус 10см термофасада. тоа се ~7 киловати добиени со воздух воздух топлотни пумпи... некој со полоша изолација ќе му требаат 10 киловати? ок, ама муабетот секако си стои. имаш потреби, треба да ги задоволиш. не е сеедно дали тоа ќе биде евтино, и/или комфорно како подно греење со топлотна пумпа.