Ми треба мислење во врска со купување на добар инвертер. На пазарот ги има премногу, а во кој и салон да прашам, она што тие го имаат на располагање е најдоброто. Значи ми треба за греење на простор од 55 квадрата, (со солидна изолација, куќа) и тоа за во есенските и пролетни месеци. Да може да достига темп. до 24/25 C. и многу важно да не биде бучна. Пред година ипол купивме Мидеа 5.5, не грее нешто лошо, ама има премногу бучна надв. единица (некој проблем со позиционирањето на компресорот), викавме сервисери многу пати, ама не се корегира, многу е бучна и вибрирањето се пренесува низ просторијата. Буџетот ни е до 55 максимум 60 000 ден., и овој пат сакам да биде сe' како шо треба, без поправки, без грешки, а и не ми се ризикува со непроверени брендови. Разгледував Toshiba Seiya 18ка. Ако некој има искуство или некој предлог...