Пошто мислам дека нема тема за топлотни пумпи или барем јас не најдов тука ќе прашам.
Ме интересира дали некој има искуство со греење со топлотни пумпи. Планирам да ставам во куќа од 180м квадратни, пвц прозори, со изолација стиропор 10цм и изолиран таван со 15цм стаклена волна плус искован е целиот таван со даски.
Се работи за систем воздух-вода со радијатори.
Прилично е голема инвестицијата па сакам да чујам мислење од прва рака ако има некој. Искуство со греење, како е греењето на -10, -15 степени, месечна потрошувачка во однос на греење со пелети/дрва/клими, траен век на топлотните пумпи итн.
Знам само дека радијаторите треба да се со поголема површина ради тоа што водата во системот постигнува помала температура во одност на греењето со пелети/дрва.
Ако има некој искуство од прва рака би бил благодарен да сподели.
Фала.