Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 986823 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4365 на: 04 Август 2020, 22:38:34 pm »
Јас правев слична процедура пред некој ден.

Најважно е да се извади маската од внатрешната есиница. Обично знае да има 2-3 штрафчиња, најпрвин тие. Потоа пополека, нежно :) најпрвин одоздола ја одвојувате, па од страна па од горе. Секоја клима има различен начин, кј мене на Тошибата беше од долу, лево, горе па цела искочи од десна страна.

Убаво се исчисти со додаток на правосмукалка за прашина, внимавајте тие решетките се мн нежни.
Потоа ќе го забележите каналот под решетките и ќе сфстите зошто климите летно време повеќе мирисаат. Самиот метал е ладен, кондензира влага, водата во каналот не секогаш може убаво да де исцеди, па тоа што останува, развива микробиолошки и габичен свет.

Јас испрскав по решетките со раствор од концентрат дезентал 50/50 и концентрат со шприц и игла во каналот по малку 2-3 мл од секоја страна.

Нормално се остава бар 1 ден.


Ако забележите дека и перката е полна со прашина, тогаш мора цело да се расклопи.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11714
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4366 на: 04 Август 2020, 23:35:25 pm »
Ако истече по ѕидот ќе ве гонам во сон. ;D

До сега на 2 клими ни капка не капнала внатре или по ѕид. Се си оди во црево надвор.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4367 на: 05 Август 2020, 00:52:38 am »
Да се надополнам на процедурата од @AllMightyMe

Можеби е екстра чекор ама ми помогнал досега - кога ќе го извадите филтерот (или филтрите) од внатрешната единица, прво со правосмукалката ќе поминете и потоа во када / леген / корито / мијалник што и да имате ќе ги накиснете со млака вода.

Филтрите имаат ситна мрежа и тенки пластични делови, па внимателно при ракување. За плакнење можете и лесен туш, но слаб притисок. Потребно е целосно целосно да се исушат пред да ги вратите.

Позади филтрите тие „ќелиите“ се чистат само во насока како што се поставени истите. Најчесто се паралено вертикални поставени, па треба да поминувате со додатокот само нагоре-надоле

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4793
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4368 на: 05 Август 2020, 08:18:29 am »
Јас испоизвадив маските, се гледаа убаво и испраувач и коритото фабричко. Купив пумпа онаа рачна за прскање 2л. Нашприцав средство некое и со пумпата под притисок бањав едно добри 3-5 пати го поминав цел испарувач. Што не излезе од него....

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4369 на: 05 Август 2020, 08:38:40 am »
Јас испоизвадив маските, се гледаа убаво и испраувач и коритото фабричко. Купив пумпа онаа рачна за прскање 2л. Нашприцав средство некое и со пумпата под притисок бањав едно добри 3-5 пати го поминав цел испарувач. Што не излезе од него....
Не ги направи лом ѕидовите? Фирмиве што чистат имаат како навлаки од најлон, и одвод од доле, и нема ни капка по ѕидот

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4793
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4370 на: 05 Август 2020, 10:16:46 am »
Не ѕидот воопшто не се испрска. Прскав од блиску под притисок и чекав да истече водата од коритото према надвор.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3260
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4371 на: 05 Август 2020, 10:37:14 am »
Јас ја чистев со средство/пена за чистење на клима на коли, не капна капка, испрскав се и оставив да отстои, како што е во упатството.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4372 на: 05 Август 2020, 11:01:40 am »
Не заборавајте да к исклучите од струја :) и да почекате да се исуши се убаво да не случајно сте испрскале нешто накај електрониката.
Убаво викаат Леонид и Никола, испрскај, почекај, зошто ако се заборавиш тогаш може да претече.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4373 на: 05 Август 2020, 11:16:52 am »
Пример денес е совршен ден за чистење на филтрите, секако нема да ви треба клима  ;D

И да како што рече @AllMightyMe - прво од струја па после се друго. Баш пред 2 месеци ја чистев внатрешната единица кај девојка ми, мирисаше како да сум застанал позади ауспухот на алфата и некој константно да ми туражира  ;D

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 562
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4374 на: 05 Август 2020, 15:43:39 pm »
Ако истече по ѕидот ќе ве гонам во сон. ;D

До сега на 2 клими ни капка не капнала внатре или по ѕид. Се си оди во црево надвор.
@osmica8 откако ќе ја испрскаш со Ајаксов внатре, одма ја пушташ на најјако  ко што вика овој на видеото или чекаш некое време?
« Последно менување: 05 Август 2020, 15:54:53 pm Vwlover »

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 704
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4375 на: 05 Август 2020, 20:30:39 pm »
Фала на сите за советите.
Направив како на видеото синоќа и ја пуштив тек денес, нема мирис.
Користив средство најобично, си заврши работа.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6300
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4376 на: 06 Август 2020, 12:55:03 pm »
Деновиве појдов до продавнициве и во потесен круг влегоја

Gree fairy 5.5kw
https://klimi.mk/product/333

vivax aery 5.5kw
https://klimi.mk/product/314

Најповеќе ми прави дилема хаиер-ов, најголем проток, има и еуровент.. Со тоа што оваа и виваксот се околу 40.000 па + 10.000 денари од субвенциите можам да земам уште една иста 3.5кв..
https://klimi.mk/product/358

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5736
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4377 на: 06 Август 2020, 12:59:22 pm »
Уште ли не си земал? 😁.
Се уби цел месец од гледање бе,јас 1 ден прашував овде а другиот ден зедов,третиот ден монтирана 😎

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6300
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4378 на: 06 Август 2020, 13:04:08 pm »
Абе процедури... Mи кажаа дека ми е одобрено тек пред 4/5 дена а јас чекав мејл да ми стигни 1 месец :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3972
  • MadaFunker
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4379 на: 06 Август 2020, 17:17:32 pm »
Лапна субвенции Бузуки :D
Види си во Мека ги имаш баш Gree И Haier
New blood of old school