Пред повеќе години, шефовите ангажираа фирма за контрола и чистење на климите по одреден износ пари.
Дојдоа, филтрите ги поминаа под чешма
ги пуштија и со дланка проверија колку ладно дуваат
На едната веќе знаев дека треба потемелно чистење (се користи во специфични услови).
Сакаа дополнителен износ пари, демек такво чистење не било предмет на понудата, требало демонтажа, носење во сервис итн.
Имаа полемика со шефовите и остана неисчистена.
Истата клима по неколку години почна да затајува, викнав друга фирма и на лице место ја очистија за сличен износ на понудата од првата фирма.
Не фрлајте пари за таканаречена контрола, чистење или чепкање по климите доколку функционираат како што треба.