Буџетот е тој, по 25 000 за клима (плус за монтажа). Прашањето повеќе беше од аспектот на ефикасност на климите за простории со таа големина (малина
), нели цело време се зборува за тоа дека контра ефект се добива и ако се стави појака клима од потребната, ќе грее ама ќе се понаша како он-оф клима и ќе цица поќе струја...
Тошибата веќе е испробана ствар, во станот на брат ми. Ѕверче е и економична е (Сузуми), ама си кошта париња 
Eфикасноста, основни модели на клими се тие. Штедњата не им е најсилна одлика, ама тоа во однос на поквалитетните клими. Сеуште се клими, и сеуште се поефикасни од било која друга опција како панелка, радијатор, кварцна, итн.
Инаку да, во помали соби опасноста е дека може да се понашаат како он-оф клима. Тоа нема многу да влијае во потрошувачка, ама може да смета на луѓето внатре (за спиење зборуваме најмногу), посебно ако се работи за луѓе осетливи на спиење.
Со оставање отворени врати се намалува проблемот, зошто има долив на ладен воздух и климата би требало бесконечно да не прекине да работи - во однос на надминување на зададена температура. Тука треба малку играње експериментирање со зададени и измерени температури, да се намали малку зададената температура додека не се постигне баланс (на можностите на климата, и удобноста на луѓето).
Во ваквите случаи многу важно е надворешната единица да се стави што подалеку од спалната соба. До 7 метри должина на цевките не мора да се достава фреон, има можност да се бира локацијата на надворешната единица.
Е да, кога сме кај должината на цевките - не дозволувај да ги скратат помалку од 3 метри, премногу фреон во кратки цевки прави бука во внатрешната единица, како шуштење и како вода со меури. Минимум 3 метри цевките.