За секого различно, да. Релативно и субјективно е чуството за топло.
Но еве пар факти. Прво нема економска логика Роци или било кој друг да ја исклучува климата навечер. Евтината тарифа е навечер, и и затоа се исплати да се остава да грее климата навечер, и така стамбениот простор да акумулира топлина на евтина струја. Паѓање на внатрешната температура до 10 степени не е нормално, излегува како да Роци да живее во шатор. А можеби ни шатор нема да се излади до 10с на 5с надворешна температура. Мислам дека Роци е јанлаш со мерењата на температурите, нешто не ми штима во сето тоа. Но како и да е - на крајот на краиштата најважно е тоа дека човекот сега е задоволен, загреан, и не ги труе сите во котлината со некое ќумбе или печка на пелети.