Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Уште едно искуство да споделам кое можеби може да се рефлектира во овој случај.Летово, една клима не ладеше како треба. Ќе ја уклучиме, лади и по некое време не дува ладно. Идам надвор, надворешната единица мирува. По некое време се уклучува и за тоа време лади.Излезе дека внатрешната единица и филтерот се за чистење. Немало доволно проток на воздух...Не знам колку може ова да се примени кај тебе., сепак некој постручен од мене Мислам на близината до таван евентуално да не овозможува доволен проток на воздух.
Така е. Климата филтрира многу голем дел од нечистотијата во собата и ја насобира на неа. И сосема е возможно да се запушува или да намалува проток. Зависи и од собата секако. Но ако не се лажам неговата е нова клима и не би требало тоа да е случајот.Цитат: Mikius на 15 Ноември 2018, 19:24:35 pmУште едно искуство да споделам кое можеби може да се рефлектира во овој случај.Летово, една клима не ладеше како треба. Ќе ја уклучиме, лади и по некое време не дува ладно. Идам надвор, надворешната единица мирува. По некое време се уклучува и за тоа време лади.Излезе дека внатрешната единица и филтерот се за чистење. Немало доволно проток на воздух...Не знам колку може ова да се примени кај тебе., сепак некој постручен од мене Мислам на близината до таван евентуално да не овозможува доволен проток на воздух.
Не би знаел што е проблемот кај Roci, но во врска со залепеноста до плафонот - и мојава не е наместена според “стандард”, но 30m2 ги прави бања на 25-26 степени (аутофан / iFeel) на ова време без никаков проблем.Ова е ЛОМО LCLH или како и да беше моделот, 3.5KW.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)