Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436385 пати)


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Компарации при крај на грејна сезона: 10 март 63kw за 24 часа со парно(50 степени на водата), 20,5 степени на термостат,90м2 со прилично изедначена температура,освен спална. Вчера 37kw za 24 часа со обична клима 3.5ка,сетирана на 24 степени која остварува 21,2 степени (на истиот термостат) 63м2 и неизедначена температура, 27м2 со затворени врати( не се грејат). Да не гњавам како и зошто со вкупната потрошувачка,се задржувам само на разликите. 63:90=0,70 по м2 и 37:63=0,58 во корист на климата под услов другите фактори да се фиксни а мислам дека беа слични. Со инвертер ефикасноста сигурно ќе е поголема но комодитетот е на страна на парното,посебно при дневни температури под 10степени.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Комодитетот. Тоа е една од нај големите позитивни страни на топловодното греење, наспроти климите (инвертер или не, сеедно)... Колку и да се трудат да убедат, едноставно нај обична логика да се употреби е доволно, за да било кој свати дека со клима немаш еднаква температура, не е целосно загреан станот (куќата, локалот, магацинот....), но и воздушните турбуленции се огромни... А разликата во потрошувачка е премногу мала. Кога би наредиле клими во секој простор каде што има и радијатор, тогаш може да мериме разлики, и ке востановиме дека клима не е баш економично решение во толкава мерка како што се презентира. Истиот ефект со иста потрошња се поститнува СО ЕДЕН ГОЛЕМ РАДИЈАТОР во дневна. Изгаси ги другите и пробај потрошња тогаш, да се увериш дека дури и помалку од клима ќе потрошиш...
;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Onak, toa sigurno deka e taka.
Samo golema razlika e vo investicijata. Klima ke zemes za 30-40-50.000 den. Za toplovodno greenje kolku pari treba ti najdobro znaes.

Jas se slepam samo so edna klima vo 57m2. Zagrevam I dnevna so kujna I dvete sobi. Rasporedot mi e takov da moze da se postigne seto ova. Kupatiloto mi e vo sredina na stan, nema nadvoresen zid, I nema nikakva potreba od greenje.
I so 45.000den (sose montaza na klimata) jas go resiv greenjeto. Sobite se minimalno poladni od dnevnata, no bidejki se za spienje ne e voopsto problem (posto raboti klimata navecer, se pokrivame so edno kebe, koga epten ladno zatrebuva I frotirka/prekrivac plus). Edino detskata ke mi treba malku dopolna koga maliot ke potporasne I ke pocne da ja koristi povekje, no so 3-4.000den za 1.0-1.5kw panelna grealka ke se resi I toa.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Радијатор кој оддава 2КW топлина во простор влече 2KW од штекер. Кога надвор е -7, а внатре 22 степени.
Инвертер кој оддава 2KW топлина во простор влече највеќе 1KW од штекер. Кога надвор е -7, а внатре 22 степени.

Тоа е најмалку 50% разлика во цена на чинење за секој киловат испорачана топлинска моќ. Реално и поголема е разликата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Toa горе e премногу симплифицирано, COP 2 на -7с е потпросечен резултат. Во реалноста просекот е барем COP 2.5 често и 3, и повеќе зависи од влажноста отколку од температурата. Понатаму, дури и во просечна зима (а оваа беше блага) температурите од -7с и пониски се мал дел од времето.

На пример овој Јануари просечна температура била +2с.
https://www.wunderground.com/history/airport/LWSK/2018/1/10/MonthlyHistory.html

Минатиот Јануари, најладната зима во подолга редица години, просечна температура била -5с.
https://www.wunderground.com/history/airport/LWSK/2017/1/10/MonthlyHistory.html

Зошто е важно ова?
Затоа што за топлинските пумпи (меѓу кои и климите), колку повисока надворешна температура, толку поефикасно работат.

Понатаму, минусните температури се навечер кога и струјата има евтина тарифа. Плус температурите се дење, кога струјата е во скапата тарифа, а тогаш (дење) COP факторот е повисок. Многу клими на +7с имаат COP фактор од над 4. Тоа значи дека ако климата троши 1 киловат струјата, за возврат дава 4 киловати топлина.
А што правиме сега со 15с надворешни температури? COP факторот иде во небеса со ефикасност. А сеуште има потреба од греење, но сега греењето со топлински пумпи е ултра ефикасно.


За ефикасноста на клима уредите тоа е тоа, нема дилема дека се исклучително ефикасни.
Од друга страна ако зборуваме за комфор, за тоа реално нема споредба со комфорот од топловодно греење. Едно е да се држат отворени врати и да се има одредена температурна разлика меѓу просториите, а нешто друго е со топловодно греење. Бањата е потопла, луѓе сакаат затворени соби, деца си растат - сакаат интимност, итн.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Намерно е земен најлош возможен случај за инвертерот, во погорниот пример.

Дури и тогаш е двојно поефикасен од радијатор.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Затоа што за топлинските пумпи (меѓу кои и климите), колку повисока надворешна температура, толку поефикасно работат.
Зависи кои, оние кои се ладат/греат со вода(бунарска) на секундарната страна  исто ефикасно работат независно од надворешната температура.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Затоа што за топлинските пумпи (меѓу кои и климите), колку повисока надворешна температура, толку поефикасно работат.
Зависи кои, оние кои се ладат/греат со вода(бунарска) на секундарната страна  исто ефикасно работат независно од надворешната температура.

Ова може да биде точно само ако земеме дека таа вода (бунарска) има константна температура. А за тоа ќе треба да идеш едно стотина метри под земја. Но моето секако не е погрешно: колку температурата на таа бунарска вода е повисока, толку поефикасно ќе работи топлинската пумпа.

Постојат разни решенија. Поевтино е поставување на хоризонтални сонди во затворен луп од цевки поставни хоризонтално на длабочина од метар два, препорачливо е барем два метри, за температурата на земјата да остане над нула и во најладното. Ова функционира затоа што земјата е добар топлотен спроводник, па сондите ја користат топлотната акумулација на почвата од целата околина, не само од непосредната близина на цевките. А почвата е секогаш потопла од воздухот, во зима.

Поскапо решение се вертикални цевки со сонди, или директно пумпање на вода од доле во изменувачот на топлотната пумпа (ова знае да прави заебанции со бигор на изменувачот, или затнување со друг материјал од долу). Колку подлабоку, толку повисока е температурата, па и поефикасно ќе работи топлотната пумпа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Под Скопје има многу вода, а најмногу делот помеѓу Вардар и Водно... Температурата е од 14 до 17 степени во текот на целата година, така да голема варијација нема, не треба да се копа 100м, барем на овој дел, на 5-6 метри сама искача.
Во ефна зграда кај Педагошка при копање темели им искачала вода па решија и ставија геотермална пумоа, греат/ладат 8или 10 стана, си ја делат сметката. Холидеј ин више 5-6 години има геотермални пумпи, исто и театарот мислам и упте некои нови објекти.

Во Тетово на Штул имаат една која лади/грее само еден објект, а вода имаат исто на мала длабочина.

 Доколку  би имал опција и вода ич не би се мислел. Многу е економично, ама системот е поскап нормално. Најбитно е да се измери издашноста на бунарот преку целата година, да не се деси у лето да немате вода...


Е таму кај што ја нема како што кажа Ван, најдобро е да се поставуваат хоризонтални цевки...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Фирми и институции се друга приказна, првите се мотивирани со високата цена на индустриска цена, а вториве со државни пари. За нас обичните смртници топлотни пумпи вода-вода се релативно недостижни, заради (пре)високата цена на уредите, па и цените на бушотините, а цената на струјата и не ни е толку висока, таква инвестиција ќе требаат децении за да се исплати (преку заштеда).
Има на нет некои направи сам изведби за умешните и храбрите, ама тоа дефинитивно не е решение за мнозинството.

Инаку треба да се направи некоја пумпа за вода, за наводнување на зеленило по двор. На времето дедо ми рачно набивал цевка, на неколку метри нашле вода (не ми текнува точно). На жалост скапана е таа цевка одамна.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Пак можеш да набиеш цефка. Имаше по нетов фиљан чоек си ископал бунар, водата да врти низ радијатор од кола, еден вентичатор на радијаторот и си лу ладеше до некои 22-25 степени.
Сепак најарно било да се извршат разни мерења и да се утвтди штое најисплатливо за осреден објект.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Остај клима парно непарно, сум се греел и на тоа и на тоа и на тоа, друго е ко ќе го накрцаш каминон, само мн пропаганда се напрај ко баејаги дрвата загадувале. Кој знае што загадува, а башка ставаат се и сешто в ќумбиња. Милиони години луѓево се грееле на дрва, последниве десет години најде да не им чинат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Види колкава била популацијата на планетава пред 100 години и колку повисоки објекти имало од 10 метри па донеси сам заклулок.
Дека топлината и амбиентот од дрво е добар, нема збор. Дека сме 21 век и треба да мислиме на иднината, тука е муабетот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Дрвото пак си е океј за греење во рурални средини. Проблемот настанува во селата, а особено во градовите.