@Silvester ни проф/др/мр по термодинамика да имаат вработен, ни тој нема да ти пресемета топлински потреби ништо повеќе од оквирно и приближно. Затоа продавачите на клими и други топлински пумпи (па и други видови греење), вообичаено претпочитаат да те предимензионираат, пошто така „не може да згрешат“ - читај ако имаш отповеќе нема да бидеш незадоволен и незагреан што кога ќе размислиш и не е полошо од тоа да бидеш незагреан (и да се жалиш). Но идеално е таа предимензионираност да биде мала, а не ретардирано голема (како што се случаите кога продавачите им шиткаат 24 киловатни печки на дрва или на пелети, на корисници на кои им треба капацитет од 3 до 6 киловати топлинска енергија).
Од Даикин добив добра понуда, треба од Енергија уште за Тошиба. Не знам кои се застапници за Мицубиши и Хитачи?
За Хитачи прашај во Техноклима, они држеа од поозбилните модели. Тошиба држи и Аиркон, а за Даикин гледај само да не се заебеш со поевтините модели па да земеш Гри по Даикин цена (не дека Гри се лоши за потесен буџет, ама кога не се по Даикин цена). И да, Фуџитцу се добри клими ама на жалост овде монополот ги продава по ретардирано високи цени.