Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 980299 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4650 на: 09 Февруари 2021, 13:15:59 pm »
@Zile

Така е. Еве веќе четири години, се договараме, идат, ја проверуваат, плаќам, заверуваат гаранција и си одат.

Оваа година дури и ја чистеа внатре, не мислам на чистење на филтрите, тие сам си ги чистам еднаш на две недели. Не беше многу за чистење, ама се осети некако на работата на климата.

Не платив ништо фазла од 800 денари што ги плаќам редовно.

И да кажам дека многу зависи од самиот сервисер. Моиве се екстра ажурни и услужливи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54799
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4651 на: 09 Февруари 2021, 13:16:44 pm »
Ако го чистеле изменувачот и фенот тоа е живо џабе и така треба да биде.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4652 на: 09 Февруари 2021, 13:20:05 pm »
Дали е џабе (дали мислиш услугата треба да е бесплатна или дека нема ефект од чистењето) не знам.

Знам дека добри 20 минути темелно ја чистеа. Вадеа пластики, дуваа, шприцаа некоја хемија...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54799
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4653 на: 09 Февруари 2021, 13:26:25 pm »
Џабе е 800 денари ако е за тоа. Важна работа е тоа и кошта 1200-1500 обично.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20058
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4654 на: 09 Февруари 2021, 13:27:49 pm »
Да препорачате некој мајстор за клима?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4655 на: 09 Февруари 2021, 14:12:22 pm »
Џабе е 800 денари ако е за тоа. Важна работа е тоа и кошта 1200-1500 обично.

Сега те разбрав.

Како кажав, така е. Немам причина да ги фаворизирам Гри.

Мада, откако ја имам, сум презадоволен. И моите земаа сеа 24-ка, а досега се грееја на дрва.

И они, а и јас сме презадоволни и од 24-ката. Топли фантастично.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4656 на: 09 Февруари 2021, 14:21:56 pm »
Резервирана Гри фаири 3.5 црна титаниум за ладење на салон ориентиран на запад,/југ отворен простор 35 квадрати

http://klimi.mk/product/445

По тоа што разговарав со продавачката во Гри околу дополнителните трошоци со гаранцијата е секако прашање на избор. Не си обврзан да плаќаш или во превод можеш да плакаш колку години сакаш да имаш гаранција или во превод можеш првите 5 години да не плакаш па потоа да си плакаш година за година. Годишно трошеле околу 50,000 клими и секако вика дека не сите ја плаќале гаранцијата. =)
Од старт 2 лаги, ниту можеш/смееш да направиш пауза за да важи гаранцијата ниту пак тие трошат 50 00 клими годишно.

Споредбата во цена погоре не ти чини бидејќи споредуваш Грее 12 со Хаиер 18. Хаиер-от 12 чини 38 000 http://klimi.mk/product/402

Моите беа во слична дилема како тебе и токму поради лага од страна на тие продавачите во салонот на Грее во Аеродром се одлучија за Хаиер-от 12, за нивна среќа. Доколку ти значи нивното искуство со Хаиер-от можам да ти го споделам.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4657 на: 09 Февруари 2021, 15:12:28 pm »
Продавачиве/монтерите на Грее се еквивалент на ***UNICAT**FAPRICA**NOVO**NOVO препродавачите на возила, иако по муабет со независни стручни лица самите клими не се така лоши но само поради односот во тој ценовен ранк би избрал Вивакс пред грее.

Јас кога купував се мислев за грее поради промоција/реклама мислев дека би требало да се ок за парите ама кога видов односот си реков не, плус работам во продажба и секој пошит/понеквалитетен производ има поголема маржа.
т.е Набавна цена на Грее 80е => продажна цена 500/600евра.
Набавна цена на поквалитетен бренд 200 => продажна  700е

На крај земав Даикин и сум задоволен и од климата и од монтажата, да можеби платив 100/200 евра повеќе ама клима не купувам секој ден и барем знам што сум земал.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 962
    • nobrain.dk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4658 на: 09 Февруари 2021, 15:53:05 pm »
јасно ми беше дека повеке на продавачот му беше sales pitch него реална вистина - искрено и јас бев повеќе за хаиерот без разлика на 100еур поскапа ама во споредба како брендови да не речам класи хаиерот е малку подоле во листата кинески производители на клими. Гри користи делови од даикин - 2008ма направиле јоинт венчр https://www.daikin.com/press/2009/090218/ . Знам дека звучи но сенс ама битно ми е климата да е црна. иначе за дајкин сенсера ми даваат супер цена. да не речам цена поевтина и од хаерот.
е сега ова со гаранцијава е ептен маркетинг ЕПЛ шема што тераат ама има луге им се нафаќаат. Во предходниот стан имав Макс инвертер од агротехна 8 години ја терав ни сервис ни бутур освен чистење на филтри што сам си ги средував.
околу 50000 унитс тоа е премногу и 10,000 е многу а не 50,000.
резервација стои ама без капар .
ако некој поискусен посочи дека хаиерот е по ок на лонг ран слободно нека пише, или познаник ако имате од енергија па би поминал и би видел
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4659 на: 09 Февруари 2021, 16:25:05 pm »
Цела спецификција на грее е на база рекла-казала. Грееле до -30, трошеле 200w, мижи асан да ти баe. Нема официјален документ нигде,нема официјални тестови, нема еуровент.
Даикин = грее, да не се лажеме ама класи се во прашање.
Едини пазар им се сиромашните земји каде поминуваат вакви шеми и најбитно е мислењето на монтерот, а тој пустиот за 500 ден ќе ти каже тоа што сакаш да го чуеш.
Си купил клима,го викнале него од грее,и му викаш: мајсторе добри ли се овие? И што да ти каже,не чинат? Абе какви тошиба и даикин,овие се 100 пати подобри

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4660 на: 09 Февруари 2021, 16:27:33 pm »
Сопругата во салонот нејзин имаше Хаиер.

Денови (значи, денови) по истек на гаранцијата, престана да работи.

Се јавивме во продавницата од каде ја купи, да пратат од овластените сервисери за Хаиер, иако не е веќе под гаранција, ќе се плати што треба.

Дојдоа, гледаа, пустеа... На крај, не утврдија точно што треба.

По мало натегање, пак дојдоа, демек електрониката цркнала.

Арно ама, имала две - една "мала", во внатрешната единица, една "голема" во надворешната, и едини начин да се утврди која е дефектна било да се заменат и двете. Цените - 150 со 200 евра, без работна рака. Плус, немало на лагер делови никаде.

Аха, добро...

400 евра за поправка... Отиде си купи Гри за 22000 со 10 години гаранција.

Па, нека се расипува колку сака.

Значи, 3-та Гри во фамилија. Подобар избор во однос цена-перформанс-квалитет-гаранција, нема.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4661 на: 09 Февруари 2021, 16:34:30 pm »

Ако веќе кажуваш 10 год гаранција, цената е 22+10=30000 денари. Да не замижуваме. Е кога ќе дојде ред за да користиш гаранција,ќе ни кажеш какви финти прават. Јас знам

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4662 на: 09 Февруари 2021, 16:40:42 pm »
Користев гаранција. Цркна јонизаторот дома.

Го набавија за три дена, го заменија за 15 минути.

Ни А ни Б...

Супер ми е искуството. Затоа и се купија 3 клими Гри.

7200 плус кошта, не 10000. Од кај ги извади?

7200 за мирна глава 10 години, по 800 годишно?

На мочање повеќе од 800 денари фрлам годишно, не па да не се замарам со климата што не се гаси кај мене, буквално, лето-зима.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4663 на: 09 Февруари 2021, 16:48:49 pm »
Користев гаранција. Цркна јонизаторот дома.

Го набавија за три дена, го заменија за 15 минути.

Ни А ни Б...

Супер ми е искуството. Затоа и се купија 3 клими Гри.

7200 плус кошта, не 10000. Од кај ги извади?

7200 за мирна глава 10 години, по 800 годишно?

На мочање повеќе од 800 денари фрлам годишно, не па да не се замарам со климата што не се гаси кај мене, буквално, лето-зима.
22000+10000=30000 јака ми е математикава. 22+8=30, се разбравме.
Извини ако трошиш по 800 денари за мочање, да трошеше по 1000ка ќе купеше тошиба и ќе видеше што е машина.
Грее се low budget бренд што се занесуваат дека се премиум,и тоа е тоа

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4664 на: 09 Февруари 2021, 16:52:04 pm »
Добро де...

Кај кажав дека Гри е премиум?

Јас само кажав дека ЈАС ЛИЧНО сум задоволен од Гри (и бренд и поддршка), и опишав ЛИЧНА ситуација со Хаиер.

п.с. математиката ти "вришти". Исто е да дадеш 22000 кеш и 7 на 10 пати и 32000 кеш?

ОК.