За фенкојлер препорачана температура на вода е макс 55⁰С, БЕГ не верувам да е под 60⁰С.
Повеќе ме плаши притисокот
1. незнам од каде тоа дека на фенкојлер повеќе од 60 не смее... сериозно, тоа е ладилник, на принцип како од кола изведен само со помали келии, или пак како на климите надворешните единци... чист бакар како цековод и алуминиум како ребра за пренос на температура има во нив. со соодветна инсталација и флуид, слободно може до 130 степени, ништо нема да му биде....
2. Притисоците исто така, можат да ги трпат, баш заради истиот муабет околу тоа дека се од бакар изведени... не 6, туку бајаги повеќе можат да издржат. не заборавајте, исти концепт ама комплетно исти концепт е испарувачот на климата од надвор, инвертер или не, си бара минимум 17 бари притисок на фреонот да дигне за да може да грее... толкав е притисокот во целиот систем...

3. и јас имав во една од канцелриите мои монтирано фенкојлер наместо радијатор. и тоа на приземје, во зграда од 8 спрата и поткровје, значи 9, кај мене во офис притисокот беше 8 бари на топлификација тогаш... функционираше со додека не престана, а престана затоа што се затнаа цевките внатрешно, одприлика второто зимо при крај... водата од бег е многу прљава, има и многу парафин во себе, а тоа се таложи... ќе треба да се монтира и систем за исперување т.е. чистење на фенкојлерот, на пример, на секој почеток на грејна сезона...
