Не е Алфа ако не ти усере ден кога најмалку очекуваш.
Пред некој ден, колата нормално си функционираше. Ја возеше татко ми низ град, се врати дома, ја паркираше. После 15 минути, влегувам јас во кола, стискам куплунг, ставам рикверц, пуштам куплунг али џабе пуштам, педала залепена за под.
Great... Излегувам од кола, езерце... Цел глицерин и од резервоарче за кочници и од резервоарче за куплунг (поврзани се на некој магичен начин) на земја. Дотурен глицерин за да кочи, отшлепана на мајстор.
Откажале послушност гумичките на помошната пумпа за куплунг.
Вчера нарачана
LPR пумпа, денес добиена и однесена на монтажа.
- LPR slave master cylinder -
1500.00 МКД
И натоварен точакот со делови, најдобриот пријател на Алфистите


Сфативме дека нема да ја продадеме колата, па така нарачани:
- 2х вилушки - Birth
- 2x стаблизиатори - некои шпански

Цена на горенаведеното: 2100*2 + 400*2 =
5000.00 МКДОстанува да се докупи:
- 2х горни јабучици - најдовме само десна, а различни се со левата па не може пута 2 да се удри;
- 2х кит за репарација на задна вилушка - од Стиринг Трејд.
Цена на горенаведеното: 790*2 + 1250*2 =
4080.00 МКДОткако ќе стигнат и ќе се монтираат овие, одиме на следно:
- 2х ребрасти каиши - Contitech
- 1x линиски каиш - Contitech
- 1x клинест каиш - Contitech
- 2х затегачи - Breda
Цена на горенаведеното: 743*2 + 517 + 200 + 1114*2 =
4431.00 МКДВо петок би требало да е комплетирана листата на делови.