Темата е повторно live. Бензин падна на 60 денари па од време на време ќе има апдејтс.
Со намалената цена на горивата, се ослободија финансии за ситно потсредување на колата.
Купени половни:
1. Пумпа за кочници заедно со вакуум

2. Отвори за вентилација заедно со копчиња за прозори од 145 facelift.

3. Кугла за менувач обична

4. И завчера татко ми на -9 степени го преценил квалитетот на Алфините пластики и рачката му останала во рака.

Па додека го расклопуваа донаторот си таксав и рачка заедно со системот за заклучување.

5. 4 шрафови за алуминиумски тркала за да ги заменам сигурносните.

6. Половни гуми - 2х Michelin Alpin 195/55/15 + 2х Goodyear UltraGrip8 185/60/15

Купен нов акумулатор Topla 55Ah од Макпетрол со 2 години гаранција. На мое големо изненадување се оправи и стартувањето на колата. Со стариот истрошен акумулатор палењето варираше од верглање од 3 секунди до „на пола клуч“ палење. Со новиот акумулатор се стабилизираше на две револуции на радилица, како што и беше претходно. Ако некој ја знае причината за тоа, нека ја сподели, баш ме интересира зошто.

Акумулаторот во својот нов дом:

Продолжуваме понатаму.