Купено и заменето:
Заден цилиндер за кочници, Metelli [650 MKD]:

Сет предни плочки, ITN Made in China под покровителство на Бугарите (комбинација снова) [810 MKD]:

Хомокинетички зглоб за полуосовина (+ манжетна, стеги и маст), ITN [1520 MKD]:

Течност за кочници, OKTA [300 MKD]:

Две цревца од серво пумпа за кочници до предни шепи, Metelli [2x450 MKD]. (Немам слики, мајсторот ги купил).
ВКУПНО: 4200 MKD + 300 MKD работна рака како редовен муштерија.
_________________________________________________________________________
Е сега, образложение зошто ITN.
- Примарно, цена. Ми наброја 5 брендови од кои ги препознав само Ferodo по цена од 1800 денари за сет предни плочки. Машала цена.
- Секундарно, ги фалеше (разбирливо, на кутијата си стои EURO07), дека биле квалитетни, иако биле производство во Кина.
Плус, образложение што биднало со системот за кочење, кој пред 3 дена доживеал комплетен брејкдаун:
- Стар глицерин во системот.
- Предни плочки исушени, испукани и максимум експлоатирани.
- Најважно, стариот глицерин ги запушил цревата напред, со што петтиот цилиндер (brake bias servo) целата кочиона сила ја префлил назад, на едно тркало, затоа што другото воопшто не функционирало со расипан цилиндер.
- Бонус, татко ми, без памет, со кола во таква состојба бил до Струга и назад, и вчера до Скопје и назад.
_________________________________________________________________________
Следно: десна вилушка + 2 стабилизатори, околу февруари месец и 4 амортизери, и тоа е тоа, нема чепканици.