Денеска се заменуваше издувната грана на 145-ката, а воедно се додаде и катализаторот кој мајсторот го оцени како „скоро нов“.

Саќето беше скоро нечепнато од двете страни, боља слика се трудев али не можев да сликам

Следно беше припрема на „новата“ грана (шмирглање на контактните површини, варење на заштитата да не тропа и т.н.). На сликата се гледаат и дихтунзи, кои оригинално се за Ланчиа али дупката беше перфектна и за Алфа.

И на крај демонтажа на старата грана, татко ми ми честита на успехот како сум можел на толку многу места да ја свиткам.

При префрлање на ламбда сондата, ја позајмив од рацете на мајсторот, си најдов метална четка и прскајќи со carb-cleaner-от, ја светнав.
На прво возење колата влезе во limp mode зошто сондата уште беше влажна, но откако се исуши, влече ко ЛУДА. Ќе се изнауживам, башка звукот се смири на 3000 вртежи, кои се доволни за 110 вожња по автопат, се служа благо режење на боксерот.
Цена на сето ова задоволство:
Грана: 1*** денари
Дихтунзи од Авто-куќа Цобе: 200 денари
Работна рака: 600 денари.