Денеска малце се занимавав со Алфицата. Се мењаваше задниот лонец со фабричкиот, сметаше многу на подолги патувања.
Before:

After:

Бев и на консултации со автолакер, за двата браника ми побара 200 евра, или 150 евра со „повикај пријател“ попуст. Мајсторот работи одлично и професионално само со квалитетни материјали, но се мислам дали вреди да давам толку пари, или да се обратам кај некој за поефтино.
Доказ дека лакерот е на далеку прочуен е овој Jaguar XKE Roadster од 1962 година специјално донесен од Германија. По тоа што кажуваше лакерот, колата била ужас, пред распаѓање. Сега е поцинкуван лимот, убаво заштитен и офарбан. По завршување, Јагуарот се враќа назад во Германија каде ќе се цели да се продаде за околу 80.000 евра.
Се на се, едно од поубавите искуства во мојот живот беше да видам барем школка на ова чудовиште.

