Не бензин додатно со плински уред, Плински уред дирекно без бензин.
веќе ти појаснив погоре зашто неможе само на плин. мора да крене моторот некоја минимална температура за да може на плин да работи...
Не би се согласил, импортерите нудат дополнително да ти намонтираат плински уред, а не коли кои од фабрика излегле со плински уред.
Стварно не ми е јасно зошто не увезуваат возила на плин.
затоа што да ти вградат плински уред одпосле е мнооогу поевтино одошто возилото да дојде со фабрички сетап за плински уред... фабричкиот сетап не значи само едно бедно копче за промена помеѓу плин и бензин...
како прво, фабрички плински уред, во возилата подразбира и стрелка за нивото на гориво на шалттабла, тоа значи нов односно поинаков (поскап) тип на шалтабла. понатака копче за гас кое мора да биде интегрирано и во склад со дизајнот на шалттаблата. па електрична инсталација спроведена низ самиот автомобил и на крај, компјутерот на истите возила не е ист и за оние кои имаат плински сетап.. не, дека плинскиот компјутер е вгрден во него, си има за плинот посебен компјутер, туку бензинскиот, кој ги чита параметрите од сензорите и ја регулира работата на моторот, ги менува параметрите и начинот на работа кога е на плин (или метан) префрлено. тротл сензорот, ламбда сонда, варијатор (ако има), степен на палење и пред плаење и еден куп други глупости... тоа значи, комплетно друг компјутер со комплетно друг софтвер, а тоа кошта... исто така и фабричката боца плинска нема да ти биде фрлена во гепек, туку ке има некое бајаги по друго и по елегантно решение, одколку одпосле вграденото.
или, да поедноставам, увезено НОВО возило со фабрички плински уред, самите импортери ги кошта помеѓу 1700 и 2900 евра, наспроти 400-600 евра одполсе да ти вградат, па и атест да т платат од 50-100 евра. разликата е поише од очигледна нели?