Гледам имате некои интерни дискусии, јас само сакам да го изнесам моето мислење на темава.

Ставив ЛПГ уред на Лансер (2008) во Плимонт и сум презадоволен од нивната услуга. Ажурни, брзи и знаат да реагираат на дефекти. Ми се случи мал квар со капалката и ми покажуваше ерор кодови на моторот, го однесов кај нив, бесплатно го средија (и брзо). Потоа, еден клошар на бензинска не ми го стави капачето за плин, безпари ми дадоа ново.
Додека бев таму, дојде дечко со стар сто-кец, му изврши мал сервис, му промени делови некои (го имал плинот 10+ години) и не му наплати ништо иако овој инсистираше.
Можеби се поскапи од другите, ама според мене вредат.
Е сега, околу самиот плин...
Дека троши двојно помалку - НЕ.
Не навлагам во детали, пресметките ми се дека со бензин трошев 4000-4500 месечно, со плин оваа сума е 2500-3000 денари.
Втора негативност е што показателот за преостанат плин е непрецизен...и тоа многу. Има вкупно 5 нивоа, откако ќе ставам плин проаѓам низ 4-те зелени за 4-5 дена, додека пак последното црвено (резервата) трае и до 10 дена. Впрочем, исто како да немам показател.

Позитивно е што моторот работи посмирено, негативно е што има драстично помала влечна моќ на угорници (особено кога има вклучено клима). Падот во перформанси е 1-2%...ама на ПРАВ ПАТ.

Се на се, задоволен сум засега и не се каам, парите нема за година дена, ама за година и пол ќе ми се вратат.