На плин не може да го вози спортски и на отворено со голема брзина, отиде јабана моторот за кратко време.
од каде овој заклучок жити бога...
де објасни... после толку години возење со педала до доле на отворен пат, и ниедна сјебана машина поради тоа, објасни ми како може да се сјебе и каква тоа среќа јас сум имал што ниедна од 50-тината од мене извозени коли на плин не се сјебале возејки ги така агресивно
Нема доволно ладење на вентилите.
Да не кажувам од која фирма ми кажаа дека имало возило кое се возело цело време на отворено со високи брзини, за кратко време отишол јабана моторот.
Друга работа во трките се бараат еколошки мотори со помалку загадувања, помала потрошувачка, се чудам зошто не ги конвертираат на плин тогаш.
темава е разглабана миљон пати. има возила кои на вентили се по осетливи. за нив се тура капалка за да ги подразладува вентилите и нивните лежишта. ги прават од помеки материјали или ако сакаат да прават инвестиција, се вади главата, се вградуваат други вентили (од спортски мотори) се вградуваат и чаури во лежиштата и така добиваат вентили од спортска комбинација, која не е осетлива на плин, и неможе да прегрее, т.е. оние 50-тина 100 степени повеке во цилиндар не му сметаат...
во овие две ситуации (поршето и мустангот) има ли потреба од вградување на спортски вентили? не... а зашто не? затоа што веке има такви...
фала многу, пријатно... размислувај следниот пат што ке пишеш... муабетот од типот “мене во една фирма нејкам да кажам која, ми рекоа дека им се десило вака и вака“... не пали кај некој што се разбира во проблематиката. како што реков 50-тина мои коли на плин извозени од моја страна, а јас ако не возам идиотски, со стискање незнам кој друг вози... ајде да не идам наназад премногу, ке почнам од нај тазе... претходното волво извозе 250.000 километри за 2 години НА ПЛИН од кои 70% беа извозени на отворен пат, со педала до доле. пред него рено 19 со 1.7 мотор, извозе 160.000 километри за 2 години исто така, повекето на отворен пат... пред него друго рено 19, пред него форд....
значи проблемот настанува кај моторите и возилата од понова генерација, кои се наменети да бидат буџет возила (евтини за купување, евтини за возење) е тие се осетливи на вентили... е па братче, евтино и квалитетно, не идат заедно...